1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трета жртва во авионската несреќа во Сан Франциско

Александар Методијев/афп/ројтерс/ап13 јули 2013

Трета жртва од падот на авионот на „Азијана Ерлајнс“. Боингот 777 се сруши при слетувањето на меѓународниот аеродром во Сан Франциско минатиот викенд. Во меѓувреме е потврдено дека една од жртвите е прегазена од возило.

https://p.dw.com/p/197CT
Фотографија: Reuters

„Дете кое беше повредено во несреќата на 'Азијана Ерлајнс' почина утрово. Пациентот беше девојче, кое беше во критична состојба“, информираше болницата „Сан Франциско џенерал хоспитал“. Девојчето е кинески државјанин, информираше портпаролот на кинескиот конзулат во Сан Франциско.

Информацијата за трета жртва во несреќата стигна истиот ден кога американските власти информираа дека една од двете кинески тинејџерки, кои исто така загинаа, била прегазена од пожарникарско возило. Тинејџерката можеби ќе преживеела да не била жртва на хаосот настанат по падот на леталото. Засега американските власти не информираат дали двете тинејџерки биле живи по ударот на авионот, а полицијата и противпожарната служба само потврдуваат дека 16-годишната Је Менг Јуан била прегазена од противпожарно возило, кое брзало да го изгасне пожарот во авионот.

Flugzeugunglück in San Francisco
Една од кинеските тинејџерки била прегазена од возило во хаосот кој настанал по несреќатаФотографија: Getty Images

„Противпожарното возило поминало преку жртвата најмалку еднаш. Сега прашањето е дали тоа било причина за смртта? Тоа сега се обидуваме да го откриеме“, информираше полицијата.

Нејзината блиска пријателка Ванг Линјиа, исто така 16-годишна, била меѓу оние патници кои веднаш не добиле медицинска помош. Спасувачите ја забележале дури 14 минути по несреќата. Во падот на Боингот повеќе од 180 лица беа повредени.