1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трета фарма во Велика Британија погодена од шап и лигавка

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSTB

Речиси една недела откако беше откриен вирусот на шап и лигавка во Велика Британија опасноста од заразата не е помината. На досега трет посед на југот на Англија е наредено убивање на животните. Ветеринарната служба вели дека ова е превентивна мерка. Но неможе да биде исклучена можноста заразата да се прошири и на овој посед. Се додека не се утврдат вистинските причини за избивањето на вирусот земјата останува високо ризична област. Европската унија засега има воведено забрана за извоз на британско месо, месни производи и млеко. Мерката важи до 25 август по што на експертска седница ќе се донесе нова одлука.