1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трет ден штрајк во германските и француските железници

16 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CI7A

Штрајкот на машиновозачите, кој се смета за најголем во историјата на Германија влезе во третиот ден. Штрајкот веќе предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај, а најпогоден е источниот дел на земјата каде сообраќаат само 20% од возовите во патничкиот и товардниот сообраќај. На западот функционира само 50% од сообраќајот. Машиновозачите кои бараат зголемување на платите од 31% во понеделник ќе донесат одлука како да дејствуваат понатаму. Досегашните неколкумесечни преговори меѓу машиновозачите и железницата не донесоа никакви резултати.

Три дена штрајкуваат и француските железничари. Тие бараат промени во најавениот пензиски систем. Според новите владини предолози ќе им се продолжи работниот век за неколку години.