1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тригодишнина од 11 септември 2001 година

11 септември 2004

Во САД ,но и во многу други земји ,денеска е ден за спомен на септемвриските терористички напади во САД пред три години , во кои загинаа повеќе од 3 илјади луѓе.

https://p.dw.com/p/AcLL
Овде некогаш беше Светскиот трговски центар
Овде некогаш беше Светскиот трговски центарФотографија: AP

Белата куќа според известувањето на медиумите се воздржува свесно од големи политички говори за да не провоцира префрлувања дека претседателот Џорџ Буш ја инструментализира годишнината во неговата изборна борба.

Буш даде изјава во која предупреди од небрежност во борбата против тероризмот.Поради слабост и несигурност на САД на светот му се заканува трагедија,изјави Буш.

Во Њујорк,точно три години откако терористите со првиот авион удрија во кулите близначки,во 8 часот и 45 минути по тамошно време,граѓаните со минута молчење ќе им оддадат почит на настраданите.

На местото каде некогаш се наоѓаше Светскиот трговски центар,денеска ќе биде одржана централната манифестација на одбележување на годишнината.На неа ќе бидат прочитани имињата на сите загинати,а потоа повторно почит со молчење за моментот во кој удри вториот авион во зградите по што тие се урнаа.

Во Пентагон ќе биде положено цвеќе во спомен на жртвите од нападот,додека црковните звона во Пенсилванија ќе го означат сеќавањето на падот на четвртиот авион.

На 11 септември 2001 година беа грабнати вкупно четири авиони.Екстремистите двата ги насочија во кулите близначки на Светскиот трговски центар,едниот се урна во Пентагон,а четвртиот не стигна во Вашингтон. По судир меѓу патниците и киднаперите авионот се урна во Пенсилванија.

Сите манифестации кои се одржуваат во САД од страв од нови напади се под силно полициско обезбедување.