1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Триковите на кајтерот „лудиот Рик“

Себастијан Рик / Симе Недевски20 август 2013

Германското место Санкт Петер Ординг е повторно мека за кајтерите. Овие спортисти сурфаат со помош на летечки змеј (кајт). Меѓу најдобрите во светот во кајдбординг, односно кајтсурфинг, е и Германецот Рик Јенсен.

https://p.dw.com/p/19OUA
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Може навистина да се лета. Кога има вистински многу ветер може да се оди до 20, 25 метри височина и тогаш да се направи лупинг и навистина да се добие поместување од околу 50 метри и едноставно да се доживее забрзување какво што нема ни на 'луда железница'.“

Санкт Петер Ординг на германскиот брег на Северното море - омилено место на кајтбордерите. Тука се одржуваат и меѓународни натпревари. „Човек не сака да му е здодевно кога спортува“ .

Рик Јенсен со шест години првпат застанал на штица за сурфање, со 12 пак започнал да сурфа употребувајќи кајт. Со 13 години го имал првото големо паѓање и морал во болница. Сега, со 25 години, тој учествува на меѓународни натпревари. Овој хамбуржанец се вбројува меѓу најдобрите кајтбордери во светот. Неговите цели гласат - секогаш побрзо, повисоко, подалеку. И секогаш одново да се испробуваат нови трикови.

BDT Kitesurf World Cup
Фотографија: AP

„При овие трикови се иницираат вртења наназад, така што во воздух се прави салто назад, додека во истовреме се фаќа штицата и потоа зад грб се дофаќа дршката на кајтот. Значи навистина динамични движења какви што се знаат од сноубордингот и од скејтбордингот и сето тоа комбинирано при кајтсурфингот“.

Неговите опасни и храбри маневри му до донесле прекарот „Сик Рик“, односно „лудиот Рик“. „Не знам како во минатата година можев да склучам две осигурителни полиси, но се надевам дека мојата осигурителна компанија сега не слуша“.

Скинати лигаменти, скршеници на нозете и ребрата. Кајтбордингот не е безопасен спорт. „Кога имав 16 години ги обожував ваквите кајт лупинзи и само тоа го правев. Никогаш не верував дека ќе ми се уништат колената и од 10 или 15 метри височина едноставно 'плеснував' во водата. Ако продолжев така понатаму, откако еднаш веќе ги скинав лигаментите, сега верувам дека повеќе не би можел да стојам, туку би се движел наоколу во инвалидска количк.а“

BdT Kitesurf Weltmeisterschaften in St. Peter Ording
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога на плажата чека поволен ветер, Рик Јансен во последно време има ново занимање. Тој дизајнира нови скокалници за кајтбордерите на претстојниот фестивал за екстремни спортови. Рик Јенсен со тоа сака да постави нови кајтбординг критериуми и тоа во неговата омилена дисциплина слободен стил.