1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

290811 Libyen Versorgungsprobleme

29 август 2011

Преодниот национален совет на Либија се обидува да воспостави ред во земјата. Неговите напори се отежнати поради големите проблеми со снабдувањето во главниот град Триполи по битката за негово освојување.

https://p.dw.com/p/12PPZ
Фотографија: DW

Триполи на места наликува на град на духови. Затворени продавници, насекаде траги од уништување. Хуманитарните организации се во акција, зашто луѓето немаат што да јадат, а често нема ниту вода за пиење.

„Донесовме лекови за ранетите и вода“, објаснува соработничка на Црвениот крст.

Животот во Триполи е се‘ само не нормален. Но, луѓето сепак веруваат дека по Гадафи се` ќе биде подобро.

Leben in Tripoli nach den Kämpfen
Животот треба да тече натаму...Фотографија: DW

Земјата започнува да се позиционира. Министерот за правда од Советот на бунтовниците изјави - атентаторот од Локерби од 1988 година нема да биде израчен ниту по соборувањето на Гадафи, зашто е смртно болен.

„Правно гледано, Абдел Басет ал-Меграхи веќе е осуден, затоа нема да се појави пак пред суд“, сметаат од Националниот преоден совет.

Први политичи одлуки во земја, која и покрај бедата, се труди да гради иднина.

Иако речиси се без вода, луѓето се надеваат на подобро и си помагаат:

„Ова искуство го обедини либискиот народ. Луѓето учат во мака да се крепат едни со други. Семејствата се поддржуваат меѓусебно“, објаснува жител на Триполи.

На крајот на месецот на постот, некои продавници повторно ќе бидат отворени. Знак на надеж.

Прилогот на оваа тема можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Сандра Хавенит/ Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев