1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три сомнителни случаи на новиот коронавирус - негативни

СН/ЕМФ/дпа11 мај 2013

Тестовите извршени на три лица во Франција за кои постоеше сомневање дека се заразени со новиот вирус- сличен на САРС, не го потврдија присуството на вирусот.

https://p.dw.com/p/18W5d
Фотографија: picture-alliance/AP

Министерката за здравство на Франција Марисол Туран денеска (11.05) во Лил соопшти дека трите сомнителни случаи на зараза со новиот смртоносен коронавирус се негативни. Уште два други случаи и натаму се проверуваат, дополни министерката. Новиот коронавирус наликува на вирусот кој ја предизвикуваше болеста на дишните патишта САРС, која пред десет години предизвика смрт на околу 800 лица.

Трите лица кај кои беше отстрането сомневањето дека се заразени со новиот вирус беа еден лекар, една медицинска сестра и еден пациент кои имале контакт со првото лице во Франција кај кое беше потврдено заразувањето со коронавирусот.

И кај двата најнови случаи, кои и натау се проверуваат, станува збор за лица кои имале контакт со заразениот пациент на возраст од 65 години.

Новиот вирус (хЦоВ) за првпат беше откриен кај еден маж во Саудиска Арабија. Токму во арапскиот простор досега се регистрирани најголем врој случаи на заразеност со новиот вирус, соопшти Светската здравствена организација. Пациентот од Франција исто така бил на патување во Саудиска Арабија. Според податоците на СЗО, досега ширум светот се регистрирани 33 случаи на заразеност со новиот коронавирус. 18 лица починале од последиците на болеста, меѓу нив и еден маж во Минхен.