1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три јужноамерикански држави му нудат азил на Сноуден

БГ/бета/афп9 јули 2013

Поранешниот американски разузнувач Едвард Сноуден, доби понуди за азил од три јужноамерикански држави, но и натаму останува во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.

https://p.dw.com/p/19474
Фотографија: Reuters

Сноуден е блокиран на аеродромот веќе 15 дена и не е виден во јавноста од заминувањето од Хонг Конг, каде ја откри тајната американска програма за следење на комуникациите во светот. Се огласи единствено преку интервју кое пред два дена го објави електронското издание на магазинот „Шпигел“.

Боливија, Венецуела и Никарагва, кои имаат затегнати односи со САД, изразија подготвеност да му обезбедат азил на американскиот аналитичар и потврдија дека им стигнало такво барање од Сноуден.

Кубанскиот претседател Раул Кастро вчера го истакна правото на Боливија, Венецуела и Никарагва да им понудат политички азил на оние кои се „прогонувани поради идеали и борба за демократски права“.

Поддршката од Куба е важна затоа што не постојат директни летови од Москва кон Боливија, Венецуела и Никарагва, поради што Сноуден ќе мора најпрво да слета во Хавана.

Неколку земји на ЕУ минатата недела го одбија барањето за азил на Сноуден, кој такво барање упатил до вкупно 21 земја.