1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тропската бура „Ноел“ прерасна во ураган

2 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0OP

Тропската бура „Ноел“ која пустоши во Карипските острови прерасна во Ураган. Тој веќе пристигна во Куба и Бахамите. Во невремето во регионот досега настрадаа 115 лица. Во Доминиканска Република е прогласена вонредна состојба, а во мексиканската сојузна држава, Табаско, речиси 80% од територијата е под вода. Претседателот, Фелипе Калдерон, изјави дека е ова најлошата природна катастрофа во историјата на земјата.