1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца загинати во напад во црква во Мисури

13 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTZ1

Три лица загинаа а петмина се повредени кога еден вооружен маж отворил оган за време на црковна миса во сојузната држава Мисури во САД. Во моментот на нападот, во црквата се наоѓале 50 лица. Локалните власти соопштија дека напаѓачот, кој е во притвор, бил во судир со една фамилија која присуствувала на црковната миса. Тој и се предал на полицијата откако десетина минути ги држел во заложништво присутните во верскиот објект.