1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тужба против Еклстон

АТ/ дпа/ сид/ ртр17 јули 2013

Германските правосудни органи подигнаа обвинение против гуруто на Формула 1 - Берни Еклстон. Тој се товари дека на еден германски банкар му платил поткуп од 44 милиони долари.

https://p.dw.com/p/199bV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шефот на Формула 1 Берни Еклстон е соочен со неславен крај на неговото животно дело и може да биде осуден на затворска казна од страна на германските правосудни органи. Државното обвинителство во Минхен поднесе обвинение против 82 годишниот Британец поради сомневање за давање поткуп и поттикнување на измама, соопшти портпартпарол на обвинителството.

Еклстон потврди дека го примил обвинението. „Разговарав со моите адвокати, тие ја добиле тужбата“, рече Еклстон за „Фајнаншл Тајмс“. „Ние ќе се браниме. Тоа ќе биде интересен случај. Штета, што се случи тоа“.

Еклстон не добил понуда постакпката на биде прекината за одредена сума. За евентуална затворска казна во оваа афера Еклстон вели: „Јас сум невин. Но, ако ме пратат в затвор, морам да излезам на крај со тоа“, вели тој и дополнува: „не верувам дека ќе ми се допадне“.

Еклстон се товари дека на поранешниот член на управниот одбор на банката Бајерн ЛБ, Герхард Грибковски му исплатил 44 милиони долари мито за продажба на уделот на Бајерн ЛБ во Формула 1 на британската Инвестор групација „CVC“. Грибковски, кој во меѓувреме е осуден на осум и пол години затвор, силно го товари Еклстон. Тој пак ги отфрла обвинувањата и тврди дека Грибковски го уценувал. Минхенските власти водат истрага од 2011 година.

Кариерата во кралската класа Еклстон ја започна кон крајот на 70. години на минатиот век. Тој Формула 1 ја претвори во светска манифестација вредна милијарди. Од Абу Даби, преку Кина, Малезија, Индија, а од наредната година и Русија, во целиот свет Еклстон постојано освојуваше нови пазари. Зад кулиси во Формула 1 меѓутоа веќе извесен период се шпекулира, дека доколку биде поднесена тужба против Еклстон, тој нема да може долго да остане на некоја од водечките позиции во Ф1.