1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тунис: Согласност за нов премиер

ЕМФ/дв22 февруари 2013

Придвижување во туниската владина криза - владејачката партија Енада го предложи министерот за внатрешни работи Али Ларајед за иден премиер. Тој треба да го наследи Хамади Џебали.

https://p.dw.com/p/17k6G
Фотографија: AFP/Getty Images

Лидерот на Енада Рахед Ганучи предлогот за иден премиер ќе му го достави на претседателот на земјата, соопшти партијата. Највисокото раководно тело на партијата постигнало согласност во текот на ноќта за иден премиер да го предложи актуелниот министер за внатрешни работи Али Ларајед (фото горе). Тој во времето на поранешниот туниски претседател Бен Али, кој беше соборен од власт на почетокот на 2011 година, бил затворен и измачуван.

Хамади Џебали поднесе оставка на премиерската функција на почетокот на неделава поради тоа што неговиот предлог за создавање експертска влада пропадна благодарение на хардлајнерите во неговата партија Енада. Џебали предложи експертска влада откако во земјата избија масовни протести на противниците на владата поради убиството на опозициониот политичар Шокри Белаид.