1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турбулентна година

Ролф Венкел1 јануари 2009

2008-ма, кога станува збор за економијата, беше многу турбулентна. Mалкумина сметаа дека кризата со недвижнини во САД, ќе има толку тешки последици врз економиите во светот. Натамошниот развој тешко може да се предвиди.

https://p.dw.com/p/GOjT
Драматична година за берзитеФотографија: AP

Луда година, оваа 2008-ма. Можеше ли некој да сонува на нејзиниот почеток дека преку усните ќе му минат поимите како кредитни стеги, државни мерки за спасување на претпријатијата или фондови за стабилизација на финансиските пазари? Но, да одиме по ред.

Годината, всушност, почна вообичаено: „Дали сум Мојсие или некој друг пророк или можеби имам гравчиња во џебот, па да можам да предвидувам? Така велевме порано кога на нешто не можевме да одговориме. Како секогаш, иднината е неизвесна и воопшто не вреди сега да се натпреваруваме со негативни прогнози“, велеше германскиот министер за стопанство, Михаел Глос, на почетокот на годината при претставувањето на неговата годишна прогноза.

BdT Deutschland Bundeswirtschaftsminister Michael Glos
Министерот за економија, Михаил ГлосФотографија: AP

Потоа го снема, само повремено бараше повеќе нето од бруто за граѓаните, бидејќи во Баварија се водеше изборна битка. Но, за глобалната криза на финансиските пазари преку целата година од него ништо не се слушна.

На почетокот на годината кризата беше навидум далеку

Во јануари цената на нафтата првпат ја достигна границата од сто долари. Финскиот производител на мобилни телефони „Нокиа“ најави префрлување на својата фабрика од Бохум во Романија. Причина: големите трошоци на производство. Две илјади и триста работни места исчезнаа. Неколку денови подоцна „Нокиа“ пријави рекордна годишна добивка од 7,2 милијарди евра. Од друга страна, еден единствен службеник во големата француска банка „Сосиете женерал“ и' „подари“ загуба од скоро пет милијарди евра.

Wirtschaftskompass
Турбулентни денови за економијатаФотографија: picture-alliance/united-archives/mcphoto

А, конјунктурата? „Конјунктурата се забавува. Економските ризици станаа поголеми, конјунктурната динамика бележи опаѓање во споредба со минатата година. Сепак, веруваме дека бродот на германската конјунктура оди по сигурен курс по ветровитото море“, рече Клаус Цимерман, претседател на германскиот Институт за истражување на економијата во Берлин.

И Кристијан Дрегер, експерт за конјунктура во истиот институт, како и неговиот шеф, беше пооптимистичен од германската влада: „Мислам дека главната разлика во моментов е во нејаснотиите околу економските ризици, кои очигледно владата ги оценува како поголеми, отколку ние. На листата имаме повеќе фактори на ризик. Еден е цената на нафтата, другиот е курсот на доларот. Потоа, во САД постои слабеење на конјунктурата, што се покажа како поголемо отколку што очекувавме есеноска. Земено во целина, сепак треба да се остане цврсто на земја“.

Претрес во бирото и домот на Цумвинкел

Точно. Да се остане цврсто на земја и убаво да се плаќаат даноците. Како шефот на германската пошта Клаус Цумвинкел: „Јас сум роден во Рајнланд и среќен сум што можам да живеам овде, се чувствувам одлично и тука ги плаќам моите даноци“.

Но, не сосем. Едно магливо февруарско утро пред нашата порта стои цела армада полициски возила. Сепак, „посетата“ не му е наменета на „Дојче веле“, туку на некому во соседната поштенска кула. Државниот обвинител нареди претрес на бирото на Клаус Цумвинкел, како и на неговата вила во Келн. Беше обвинет дека преку приватна фондација во Лихтенштајн затаил данок во износ од 1,2 милиони евра.

Deutschland Post Klaus Zumwinkel
Клаус Цумвинкел затајувал данокФотографија: AP

Малку подоцна тој поднесе оставка на претседателската функција во Германската пошта, како и на други функции: „Ова решение на господин Цумвинкел наиде на целосна поддршка од сојузната влада. Канцеларката и министерот за финансии во текот на денешната пленарна седница разменија мислења дека ние ништо друго и не очекувавме и дадовме согласност за тоа“, изјави портпаролот на министерството за финансии Торстен Албиг. Крај на една кариера.

Во меѓувреме, даночните оази како Лихтенштајн се најдоа под се’ поголема критика: „Неприфатливо е што во Европа имаме даночни оази, што ги охрабруваат луѓето да извлекуваат капитал од други европски земји, од една страна, а од друга, тој капитал да биде трансфериран во тие земји, што индиректно води кон даночна измама“, рече Роналд Пофала, генерален секретар на Демохристијанската партија на Германија. Принцот од Лихтенштајн беше навреден и ронеше „крокодилски“ солзи, а потоа се' се смири во даночните оази.

Liechtenstein Burg in Vaduz
Даночната оаза ЛихтенштајнФотографија: AP

Иако Цумвинкел не е осамен случај. На едно цеде, што некој им го продал на германските тајни служби, се најдоа податоци за стотици даночни грешници. Некои на време сами се пријавија и се надеваа на ослободување од казни, на други им претстојат судски процеси. Но, тоа веројатно е материјал за следниот годишен преглед.

Рекордни цени на бензинот

Grafik Ölpreis Einhundert Dollar Rekordmarke
Црното злато поскапо и од 100 долари

Пролетта граѓаните на Германија ги преокупираше нешто сосем друго. Бензините станаа поскапи од кога и да е: еден литар „супер“ чинеше евро и 60, а еден литар „дизел“ - евро и 58 центи. Нафтените концерни ги „миеја рацете“, аргументирајќи дека цената на нафтата пораснала на скоро 150 долари за барел. Шпекулантите, кои го повлекуваа капиталот од слабо стоечките недвижнини, загреваа нов балон.

И не само тоа. Тие го открија светот на растечките цени на земјоделските производи. Цените на храната во целиот свет достигнуваа непознати височини. Виновник беше, како и вообичаено, глобализацијата. Се повеќе луѓе профитираа од неа, растечки приходи и растечки барања кон кујната.

Obststand im Supermarkt
Храната поскапеФотографија: Bilderbox

Јоахим фон Браун, генералниот секретар на Меѓународниот институт за истражување на политиката со храната со седиште во Вашингтон, изјави: „Стапките на пораст на производството во светот во земјоделството изнесуваат еден до еден и половина процент годишно. Во свет во кој населението и приходите растат за околу четири проценти годишно за разлика од растежот на производството потребно во ова подрачје, се појавува јаз, а светот консумира повеќе отколку што се произведува“.

А, она што се произведува делумно се преработува во биогориво, наместо да се полнат стомаците на гладните, од што, пак, до свеста на Германците малку што допира. Зашто, овде во земјата, големите трговски синџири за продавање храна водат безмилосна конкурентска битка, што ги држи цените на ниско ниво.

Рекордно високо ниво на еврото

За Европејците исплатлива е и сметката за увоз на речиси сите производи да се плаќа во долари. Имено, кон крајот на јуни еврото достигна рекордно високо ниво од 1,65 долари. Тоа ги усреќуваше туристите, но затоа го потресуваше извозно-ориентираното германско стопанство. Слабиот долар, за почеток, помалку ја погоди германската економија од очекуваното: конечно, речиси две-третини од германскиот извоз оди во еврозоната. А, тука германската индустрија во изминатите години стана мошне конкурентски способна што се однесува до цените.

Devisen Euro Dollar Währung Wechselkurs
Едно евро за 1,65 долариФотографија: AP

Сепак, бидејќи некои земји од ЕУ, пред се' Италија и Франција, беа посилно погодени од слабоста на доларот, тоа бргу покажа влијание и врз германската конјунктура, вели Давид Милекер, економист од „Унион инвестмент“: „Овој ефект на трети земји ќе се појави тогаш кога побарувачката на германскиот извоз ќе биде значително намалена. Тоа значи дека ние ќе извезуваме помалку. Слабоста на доларот што ја гледаме сега, во Германија ќе значи една до две десетинки помал економски растеж. Ефектот од цената на нафтата, меѓутоа, со 0,4 проценти е посилен. Тоа значи: темата не смее да се потцени, но барем малку мора да се релативизира“.

Кризата во банките зема се’ повеќе жртви

Кон крајот на годината се релативизираше и курсот на еврото. Германците веројатно и во оваа година уште еднаш ќе можат да ја задржат титулата светски рекордер во извоз, пред Кина да ја преземе во скорешно време. Но, тоа е и онака бесмислен натпревар. Зашто, обете извозно-ориентирани нации не ќе можат многу да се фалат, со оглед на фактот дека кризата на банките зема се’ повеќе жртви и води кон глобална рецесија.

Во март, големата американска банка „Џи-Пи Морган Чејс“ ја презеде инвестициската банка „Беар Стирнс“ зашто таа премногу шпекулираше со гнили хипотеки. Во септември американската влада ја презеде контролата врз хипотекарните гиганти „Фани Ме“ и „Фреди Мек“, што беше почеток на еден досега невиден спасувачки маратон, чиј крај е се' уште отворен.

Lehman Brothers
Лого на банкатаФотографија: AP

Непосредно потоа дојде „црниот понеделник“ на „Вол стрит“: банкротираше инвестициската банка „Леман Брадерс“. „Ги слушам вестите дека и германската Кредитната банка за обнова непосредно пред банкротот префрлила уште триста милиони. Тоа не се никакви експерти, тие што седат таму и можам само да кажам – суперексперти“.

Deutschland Frankfurt Finanzkrise Durchsuchung bei KfW
Државната банкаФотографија: AP

Грегор Гизи, претседател на Партијата на левицата точно слушнал: државната банка за поддршка „Ка-еф-Ве“, и’ префрлила 300 милиони евра на американската банка „Леман Брадерс“, иако веќе се знаеше за нејзиниот банкрот: „Она што мораме да го прочитаме е повеќе од зачудувачко и непријатно. Очекуваме многу брзо објаснување на ваквата техничка грешка, која за нас е необјаснива. Се надеваме дека наскоро ќе биде разјаснета и дека ќе има последици“, изјави Торстен Албиг, портпарол на Министерството за финансии.

Во меѓувреме, во САД, во проблеми се најдоа осигурителниот џин АИГ и штедната банка „Вашингтон мјучуал“, а владата најави за финансиската бранша пакет за спасување тежок 700 милијарди долари.

Германската влада се справува со финансиската криза

Но, и во Германија финансиската криза одамна пристигна. Повеќе јавни банки на покраините мораа да отпишуваат милијарди, а финансиерот на недвижнини, „Хипо Риал Естејт“ банката, можеше да биде спасена само со помош од владата во висина од 35 милијарди евра, кои само една недела подоцна мораа да се покачат на 50 милијарди: „Со решението на владата да се обезбедат ризиците од акција на банките за спасување на ликвидноста на ’Хипо Риал Естејт’, се спречи ширење на финансиската криза врз Германија. На тој начин сојузната влада ги штити и сите други учесници на финансискиот пазар од оптоварувања, зашто, без настапот на државата, финансискиот систем во целост можеше да биде загрозен или ќе беше загрозен“, соопшти владиниот портпарол Улрих Вилхелм.

Во меѓувреме, фактите покажуваат дека финансикиот систем на земјата и натаму е загрозен, дури и повеќе од кога и да е. Бидејќи ниту една банка не знае колку „расипани јајца“ има во нејзиниот биланс, готовноста за меѓусебни парични позајмици се движи кон нула. Таканаречената трговија меѓу банките замре, доминираше зборот кредитен теснец. Шест големи национални банки со заедничка акција ги намалија есконтните камати, откако претходно на пазарот за пари уфрлија милијарди - без поголем успех. Се' повеќе граѓани се плашеа за сигурноста на нивните штедни влогови.

SYMBOLBILD FINANZKRISE Bundesregierung spannt Schutzschirm auf Deutschland stützt Bankensystem mit 500 Milliarden Euro
Сојузната влада усвои пакет за санација

Конечно, на 13 октомври германската сојузна влада донесе пакет за спасување на банките во волумен од преку 500 милијарди евра: „Мислам дека на тој начин успеа еден многу значаен политички чекор. Сега е одговорноста кај банките, кои треба вистински да ја прифатат понудената помош“, соопшти канцеларката Ангела Меркел.

Меѓутоа, тие во почетокот беа воздржани. Зашто, прифаќањето на државната помош би значело исто што и признавање на пропаста. Такво признание, на пример, во никој случај не сакаше Јозеф Акерман, шефот на Дојче банк.

Тоа особено го налути министерот за финансии Пер Штајнбрик: „Очекувам, дури и посакувам, господинот Акерман многу јасно да соопшти, и тоа јавно, дека тој спаѓа меѓу оние што ја поддржуваат оваа конструкција. Затоа што одигра важна улога во сето, меѓу другото и преку разговорите со мене“.

Државната помош не се дава за бадијала

Таа е поврзана со услови: никакви бонуси, никакви дивиденди за време на санирањето, никакво зголемување на капиталот за повеќе од десет милијарди евра, ограничување на платата на менаџерите на максимум 500.000 евра. Малку подоцна Јозеф Акерман се коригираше: „Јас апсолутно го менувам ставот. Верувам дека надзорните органи ја имаат обврската, секако и правото, критички да ги разгледаат деловните модели. Зашто, она што го видовме во многу држави, и овде во Германија, го поставува прашањето: како толку долго биле можни такви деловни модели“.

Haushaltsdebatte Bundestag Angela Merkel
Ангела Меркел во БундестаготФотографија: AP

А, канцеларката Меркел во Бундестагот рече: „Сите овие мерки не му служат на спасувањето на банките како цел за себе, затоа и нема бланко чекови. Ниту, пак, на заштитата на менаџерите кои работеле погрешно. Не, овие мерки му служат на функционирањето на нашето стопанство и пред се' на граѓаните во нашата земја. Кон тоа припаѓа и владиното соопштение од министерот за финансии и од мене, според кое ниту еден штедач не мора да стравува за своите влогови и овде велам уште еднаш - соопштението важи!“

Кризата на банките полека, но сигурно, се префрли врз производниот сектор. Како први, намалување на продажбата пријавија производителите на автомобили и на своите работници им го скусија работното време. Исто така, и хемискиот гигант „БАСФ“ запре 80 производни погони. Концернот „Опел“ ја замоли владата за гаранција.

Европската комисија состави конјунктурен пакет од 200 милијарди евра, сојузната влада на стопанството ќе му помогне со 50 милијарди: „Наша желба е да обезбедиме да се зачуваат колку што е можно повеќе работни места, а по можност многу бранши да го продолжат добриот развој. Затоа владата ќе обезбеди навремена инвестициска помош на долг рок и со голема решителност. Таа ќе биде приспособена на потребите на одделни бранши и ќе обезбеди брзи инвестициски можности. Верувам дека со овој пакет ќе бидат поддржани фирмите во нашата земја, а со тоа и зачувувањето на работните места. Токму тоа е целта на сојузната влада“, најави канцеларката Ангела Меркел.

Луда 2008 година

Jahresrückblick 2008 International September USA Wirtschaft Lehman Brothers Hauptgebäude in New York
Банките во ЊујоркФотографија: AP

Банките паѓаа како домино, Меѓународниот монетарен фонд ги коригираше стапките на растеж удолу, Велика Британија и САД се наоѓаат пред рецесија, конјунктурата на светското стопанство пред ладење. Западните инвеститори ги повлекуваат парите од Источна Европа и од Латинска Америка, затоа што им се потребни дома за затнување на дупките, фирмите насекаде донесуваат драстични програми за штедење.

Дали тоа значи дека нема ништо позитивно да се соопшти? Сепак има, зашто се’ има лице и опачина. Намалената побарувачка, на пример, ја намали цената на нафтата под 50 долари, растечкиот курс на еврото е запрен, се смалуваат и цените на прехранбените производи, а инфлацијата во Европа го надмина зенитот. Пазарот на работна сила во Германија покажува вчудовидувачка стабилност: два пати, во октомври и во ноември, бројот на невработени беше под три милиони. И тоа е нешто, нели?