1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Туризмот е запоставена стопанска гранка во Македонија

Горан Петрески26 јуни 2006

Македонија и Албанија заедно ќе ловат странски стуристи во Европа и на далечниот Исток. Албанските хотелиери ја претставија туристичката понуда за годинава во Скопје.

https://p.dw.com/p/AddN
Плажа во Албанија
Плажа во АлбанијаФотографија: AP

Во Скопје, можеби со мало задоцнување, Албанија за сезонава ги промовира своите плажи, кои во времето на Енвер Хоџа служеле како одбрамбена воена линија, а денес се прекрасна ривиера што привлекува стотици илјади странски туристи. Меѓу нив бројни се и гостите од Македонија, се пофалија албанските туриситчки работници „Во нашиот хотел доаѓаат многу туристи од Македонија но ги има и од Косово, Хрватска, Грција и од многу други земји“ вели менаџерката на еден хотел од албанското приморје.

Македонија дефинитивно ќе ја промаши сезоната, што се однесува до понудата во Албанија. На Албанците ќе им ги претстави своите туристички адути, но кога? не се знае. „Вакви слични проекти а презентација на нашиот туризам во Албанија ќе се организираат. Ќе го пормовираме туризмот за регионот и кон трети земји.“ вели македонскиот министер за економија Фатмир Бесими.

Македонските тур оператори се задоволни од албанската понуда. За нив е тоа нов пазар што ќе треба да се освојува. „Еден е аспектот на носење на македонски туристи таму. Вториот аспект е заедничка продажба на Македонија и Албанија на трети пазари.“ вели Киро Николовски од Авио – турс.

За разлика од Албанија и останатите земји од регионот, Македонија многу млаку се грижи и инвестира во туризмот. Самокритични се дел од туристичките работници. Анѓел Иванов од Адриатик Маврово смета: „Македонија има сериозен застој во туризмот и во прогресот и во туризмот и во хотелиерствотот. Бидејќи сите околни земји вклучувајќи ја Албанија се во сериознен напредок. Тоа се уверив при неодамнешната посета на Албанија. “

Туризмот е една од профитаблните но запоставени стопански гранки во Македонија. Обид да се направи нешто е рекламата на Си Ен Ен за убавините на земјата што почна да се емитува мината недела.