1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Туристички авион се урна во Непал - нема преживеани

25 септември 2011

Туристички авион денеска (24.09) удри во планина во Непал. Во несреќата загинаа сите 19 патници и членови на екипажот.

https://p.dw.com/p/12g6P
Монт ЕверестФотографија: picture-alliance/dpa

Авионот се урнал кружејќи околу Монт Еверест. Сударот се случил најверојатно поради лошото време, а леталото паднало во Годавари, на десет километри од главниот град на Непал - Катманду. Во авионот имало десетмина туристи од Индија, двајца американски граѓани и еден Јапонец.

Бичкрафт-леталото на „Буда Ер“ се враќало од утринска тура на Хималаите. При голем дожд и магла, околу 07:30 часот изутрина по локално време, се загубил контактот на авионот со контролата на летање. Четири минути потоа авионот удрил во планината Котдада. Во леталото, покрај странските туристи, се наоѓале и тројца патници од Непал, како и тројца членови на екипажот со непалско потекло.

Авиокомпанијата „Буда Ер“ нуди летови од Катманду околу Монт Еверест. Турата чини околу сто евра, а на интернет страницата на „Буда Ер“ Бичкрафт-леталото е опишано како „најсигурен авион“ при летови во Непал. Инаку, поради лошата патна мрежа, во Непал многу места се достапни само со авион. До уривања на авиони доаѓа постојано, особено за време на летните монсунски дождови.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: А. Трајковска