1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турската армија заплени пратка оружје од Иран за Сирија

4 август 2011

Слично како и во март годинава, Турција повторно запленила оружје од Иран кое било на пат кон Сирија, пишува германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ повикувајќи се на дипломатски извори.

https://p.dw.com/p/12Axd
Фотографија: AP

Турската армија запре уште една нелегална пратка со оружје од Иран за Сирија. Според изјави на западни дипломати, оружјето било најверојатно наменето за Хезболах милицијата во Либан, која одржува блиски врски со Иран. Слична пратка турската армија заплени и во март, кога пресретна ирански транспортен авион на пат кон Сирија. Авионот беше принуден да слета во градот Дијарбакир на истокот на Турција и по проверката беше утврдено дека наместо делови за автомобили во него се наоѓало оружје.

Според весникот „Зидојче Цајтунг“, турските власти на граничниот премин Килис во последно време постојано запирале камиони, кои превезувале големи количества оружје и муниција. Според минхенскиот дневен весник, Анкара и локалните власти одбиле да дадат детали за запленувањето.

Поради спорната иранска атомска програма Советот за безбедност на ОН воведе санкции против Иран, кои вклучуваат и ембарго за извоз на оружје.

Западните сили го обвинуваат Иран за вознемирувачко непочитување, често пати со содејство на Сирија - на санкциите, наметнати против него.

Автор: ГЧ/ СН/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска