1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турската армија почна копнена офанзива во Северен Ирак

Улрих Пик 22 февруари 2008

Турската армија покажува мускули во конфликтот со Курдистанската работничка партија ПКК и почна копненан офанзива со 10.000 војници против курдските бунтовници во Северен Ирак.

https://p.dw.com/p/DBmM
Турската армија на границата со Северен ИракФотографија: picture-alliance/ dpa

Ова е првпат под деценија и пол турската армија да испрати копнени трупи на територија на Северен Ирак, што значи и нов чекор во борбата против илегалната курдска подземна организција ПКК , за која е се смета дека се крие на територија на Северен Ирак. Како што соопшти Генералштабот на турската армија офанзивата почнала уште синоќа и во меѓувреме армијата навлагла до десет километрина ирачка терирторија во областите околу Хакурк, Кандил, Цап и Хавасин.


Колку се големи трупите, на почетокот не сакаше да се објави, во меѓувреме турските медиуми јавуваат дека станува збор за две бригади односно 10 илјади војници кои навлегле на територијата на соседната земја. Од ноември мината година, турската армија изведе повеќе воздушни напади врз позиции на ПКК. Досега од турска страна се сметаше дека тие се успешни, ПКК пак демантира. При своите воени напади Турција неформални е поддржувана од страна на САД и без одобрение на Вашингтон, проценува новинарот и експерт за воени прашања Русен Чакир, и сегашната операција би била многу рискантна. „САД немаат интерес да се влошат односите со Курдите во Ирак, нивните речиси единствени поддржувачи во таа земја. Но и Турција не би сакала конфронатиција со САД во Северен Ирак. Конечно со сигурност можам да кажам дека постои одобрение и поддршка на САД. Важно пред се’ е рокот и опсегот на операцијата. Доколу е ограничена и краткорочна операција против ПКК, од меѓународна страна речиси и да нема да има забелешки“

Irak Kurdistan PKK Kämpfer an der Grenze zur Türkei
Борци на ПКК во Северен ИракФотографија: AP

Илегалната курдистанска работничка партија ПКК од старана на САД, ЕУ, Турција и Ирак се смета за терористичка група и има засолниште во делумно автономниот курскиот регион во Северен Ирак каде е толерирана од владата во Арбил. Според турските медиуми, владата во Багдад претходно не била информирана за акцијата на турската армија поради што министерот за надворешни работи Забари испрати и протестна нота до министерството за надворешни работи во Анкара.