1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турските новинари во одбрана на слободата на говорот

Сенада Соколу/ Александра Трајковска 13 јули 2013

Протестите против турската влада продолжуваат. Стотици луѓе - меѓу нив новинари и уметници, излегоа на улиците во Истанбул да демонстрираат против полициско насилство кон претставниците на медиумите.

https://p.dw.com/p/197Ja
Фотографија: picture alliance/AP Photo

„Зборувај овде, ако имаш храброст за тоа“, рекол полицаецот и му удрил тупаница в лице, раскажува Гокхан Бичичи. На 16. јуни овој новинар беше приведен, кога известуваше од протестите од паркот Гези. Аматерските снимки од апсењето веднаш се проширија на интернет. Тие покажуваат како полицајци го влечат новинарот по земја и го газат в лице.

Бичичи веќе четири години работи за, како што вели, „опозициската“ приватна телевизија ИМЦ-ТВ. Тој е еден од многуте новинари кои вчера (12.07.2013) во Истанбул протестираа против полициската цензура и полициското насилство над новинарите. Неколку стотици луѓе учествуваа на демонстрациите, организирани преку Фејсбук и Твитер. „Ова е само почеток, борбата продолжува“ и „АКП тргни ги рацете од медиумите“, извикуваа активистите. На транспарентите пишуваше: „Стоп за притисокот“ и „Испразнете ги ќелиите. Слобода за новинарите“. Група полицајци, пак, на демонстрантите со водени топови им го попречуваше патот до плоштадот Таксим. По околу еден час силите за безбедност побараа од толпата да се разотиде.

„Протестот е нов почеток“

Гокхан Бичичи нема официјална новинарска легитимација. Тоа било причината за апсењето, појаснува тој во разговор за ДВ. „Има жолта легитимација, која се добива само од државните институции. Нејзе ја добиваат само малкумина“, вели Бичичи. Поради тоа, бројот на бројот на уапсени новинари се смета за помал. „Кога гувернерот на Истанбул говори за наводни новинари, тогаш раководителот на полициската интервенција смета дека има право мојата легитимација да ми ја оттргне од градите. Полицајците очигледно сметаат дека имаат право да ме тепаат, да ме држат и да ме влечакаат по земја“, појаснува Бичичи.

Gökhan Bicici Journalist bei der Festnahme
Новинарот Бичичи при неговото апсењеФотографија: Mürsel Coban

Ваквата постапка очигледно има метода: „Ние нема поединечно, туку колку што е можно поорганизирано ќе се бориме против тоа. Овој денешен протест е нов почеток за тоа“, појаснува тој.

Кога го приведувале тој се спротивставил, бидејќи полицаецот сакал да му го одземе неговиот смартфон. „Тогаш дојде друг полицаец и буквално рече: однеси го во зградата и суреди го. Тогаш добив чувство дека мојот живот е во опасност, бидејќи се слушна дека новинари во Турција биле убивани на таков начин“, вели новинарот. Други колеги при апсењето и подоцна при транспортот со автобуси биле повредени. Тој лично дури по седум часови бил однесен во полициска станица. Ваквиот третман во Турција не е ништо ново, вели Бичичи.

Репресалии против курдските медиуми

Курдската новинарка Зејнеп Курај, која исто така демонстрираше, известува дека година и половина лежела затвор. Пред околу два месеца таа била пуштена од затвор. Курај со години работи за социјалистички ориентираниот весник „BirGün“ (Еден Ден) и за курдската новинска агенција Фират. Таа и нејзините колеги биле обвинети дека биле членови на Унијата на заедниците на Курдистан (KCK), која е оценета за илегална.

Zeynep Kuray Journalistin
Новинарката Курај лежеше година и половина затворФотографија: DW/S. Sokollu

„Навлегоа во нашите станови на 20.12.2011. Тие ги земаа нашите фотоапарати, нашите бележници, сиот наш работен материјал - и нас. Не ставија во затвор за да не’ замолчат“, раскажува Курај. Во Турција курдскиот печат е најмногу под притисок, критикува оваа новинарка. „Во затворите се врши таква злоупотреба. Не е јасно зошто луѓето воопшто се уапсени“, појаснува Курај. Таа во затвор продолжила да пишува. „Немаме страв, ниту од владата ниту од полицијата, оти пенкалото е нашето оружје“, вели Курај.

„Ердоган се обидува да им ја одземе демократијата на Турците“

Незан Еџан е уредничка во неделникот на весникот „Радикал“. Таа речиси секојдневно доживува цензура на печатот. „Твојот шеф може да ти каже, дека одреден извештај не може да биде објавен, бидејќи владата или премиерот тогаш би се налутиле. Тоа е вообичаено. Јас навистина не сум изненадена, кога ја слушнам оваа реченица“, вели Еџан за ДВ.

Bedri Baykam Künstler
Уметникот Бајкам во одбрана на демократијата во ТурцијаФотографија: DW/S. Sokollu

Исто така и Беди Бајкам демонстрира против цензура. Бајкам е познат уметник, претседател на турскиот Сојуз на уметници и новинар во весникот „Cumhuriyet“. „Заканата од уметниците, цензурата на театарската сцена, сите луѓе во затвор - Турција во однос на ова е во првите редови во светот“, вели Бајкам во разговор за ДВ. Тој пред се' сака да им каже на Германците дека премиерот Реџеп Таип Ердоган не ја донел демократијата во земјата: „Тој се обидува да и' ја одземе демократијата на Турција. Ние нема да го допуштиме тоа“, вели овој уметник.