1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција-војската реагира

28 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9P

Еврокомесарот за проширување Оли Рен го предупреди армиското раководство на Турција да се држи подалеку од политиката.Рен во Брисел изјави дека станува збор за тест за демократијата.Претходно турското воено раководство,неколку часа по првиот круг изборно гласање за претседател во Парламентот соопшти дека со загриженост ја набљудува ситуацијата во земјата. Никој не треба да заборави дека Армијата се застапува решително за поделба меѓу државата и религијата,смета војската.

Единствениот кандидат на претседателските избори во Турција,Абдула Ѓул вчера не успеа да добие двотретинско мнозинство во Парламентот во првиот круг,а опозицијата веќе се подготвува гласањето да го прогласи за неважечко,што би довело до предвремени парламентарни избори.Следниот круг гласање е најавен за деветти мај.