Турција во полуфинале
21 јуни 2008По регуларните 90 минути резултатот беше нерешен, по продолжениетот исто така, имено во послената минута од продолжението Сентурк го постигна израмнувачкиот гол, една минута претходно, Класниќ го постигна голот за водство на Хрватска. Но при изведувањето на пенатлите, Хрватите имаа послаби нерви. Турците погодија трипати, Хрватите само еднаш.
По натпреварот Турците славеа, а Хрватите беа премногу разочаани. Тренерот Славен Билиќ рече „Неверојатно е. Изведувањето пенали е како лото. Дури и за две три години ќе биде многу тешко да се заборави овој натпревар, но утре е нов ден.“
Турција изненади
Хрватите испаднаа, Турците продолжуваат. Тие повторно успеаја да ја изненадат цела Европа. Тренерот Фати Терим „Навистина ние сме најекстравагантната репрезентација овдека. Според мене ова беше убав натпревар, натпревар на столетието.“
Во полуфиналето во среда, Турција ќе се натпреварува против Германија. Турските фанови се самоуверени и сметаат дека и тогаш повторно ќе слават „Против Германците, ќе победиме“ , „Повторно ќе биде тесно, но ќе победиме“
Вечерва во Базел се игра и третиот четвртфинален меч, победникот, Холандија или Русија за противник ќе го имаат подобриот од последниот четвртфинален меч кој треба да се одигра меѓу Шпанија и Италија утре во Виена.