1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција загрижена поради убиствата од страна на НСУ

Томас Зајберт/ Александра Трајковска16 февруари 2013

Серијата убиства од страна на терористичката ќелија НСУ во Германија буди интерес во Турција. Турски парламентарци имаат намера да допатуваат во Германија на почетокот на судењето против осомничената Беате Чепе.

https://p.dw.com/p/17erI
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со посетата на почетокот на процесот против Беате Чепе на 17. април Ајхан Сефер Устун сака да испрати знак на солидарност: „Сакаме да ги поддржиме семејствата на жртвите“, изјави во Анкара претседателот на Комисијата за човекови права во турскиот парламент неделава при средба со членовите на Комисијата за испитување на НСУ на Бундестагот.

Устун и други турски политичари имаат чувство дека мораат позасилено да се ангажираат по ова прашање отколку што тоа беше случај во минатото. Турција сепак во периодот од 2000 до 2006 година, кога беа сторени злосторствата, постојано беше во контакт со германските власти. Меѓутоа и во Истанбул и Анкара убиствата на осум Турци и еден Грк долго време беа гледани како загадочни криминални случаи, а не како десноекстремен тероризам.

Денес многу турски граѓани, а исто така и водечки политичари, во серијата убиства на групата НСУ и наводната поврзаност со германскиот безбедносен апарат препознаваат феномен кој постои во сопствената земја, т.н. „длабока држава“ - десноориентирани бирократи, војници и тајни агенти кои во Турција како самопрогласени спатители на Републиката извршиле повеќе политички убиства и обиди за пуч. Во Турција во тек се повеќе судски процеси кои се водат поради наводните активности на „длабоката држава“. Неделава турскиот министер за правда Садула Ергин во контест на злосторствата на НСУ нагласи дека Турција во изминатите години морала да се наврати на многу неразјаснети убиства од минатото.

Deutschland Terror NSU Beate Zschäpe
Судењето против Беате Чепе треба да започне во април годинаваФотографија: Getty Images

Мината недела германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих при посета на Анкара беше конфронтиран со ставот дека комплексот НСУ рефлектира „длабока држава“ во Германија. Фридрих ова го отфрли.

Семејствата на жртвите го критикуваат и ставот на Анкара

Извештаите на семјствата на турските жртви од НСУ предизвикаа зголемен интерес во турската јавност за оваа тема. Во јануари ќерката на една од жртвите во едно интервју за турскиот весник „Милиет“ изјави дека германските власти со години се противеле да водат истрага вон турското миље и сакале да изнудат признание од нејзиното семејство. Семија Шимшек Демиртас, ќерка на жртвата Енвер Шимшек, затоа ја напушти Германија, каде е родена, и се пресели во Турција. Оваа епизода и’ покажала дека таа не припаѓа во Германија.

Шимшек исто така критикуваше, дека турските власти премногу долго ги прифаќале смирувачките ствови на германските истражни органи. Дури откако беа обелоденети пропусти во истрагата во однос на десноекстрмистичката терористичка група НСУ и информациите околу можна вмешаност на членови на Службата за заштита на уставот во десноекстремното опкружување на групата Анкара реагираше со зголемена внимателност.

Зголмена недоверба кон Германија

NSU-Opfer Berlin Gedenkveranstaltung Februar 2012
Централната церемонија во чест на жртвите од НСУ - Берлин 2012 (архива)Фотографија: picture-alliance/dpa

Во иднина Анкара има намера подетално да се информира. Турската влада соопшти дека злосторствата на НСУ ја разниша довербата во германската држава на Турците кои живеат во Германија. Турскиот парламент во меѓувреме прецизно ги регистрира случаите на непријателски однос кон странците во Западна Европа, кои биле насочени против Турците. Во 2012 година парламентарците регистрираа 15 различни напади - десет од нив во Германија. Темната бројка најверојатно е многу поголема. Пратеникот Устус за ова ја информираше неодама Комисијата за човекови права.

Престојниот процес против НСУ би можел да понуди можност повторно да се воспостави изгубената доверба. Транспарентно и јавно согледување на злосторствата пред суд со присуство на семејствата на жртвите и турски политичари би требало да има влијание. Најавата дека Истражната комисија на Бундестагот сака да го објави и на турски јазик извештајот кој се очекува летово во Анкара ќе се поздрави како знак на сериозни напори на Германците. Претседателот на турската комисија Устун во секој случај нагласи дека се надева дека турско-германските односи на крајот ќе бидат зајакнати по оваа тешка фаза.