1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција масовно затвора новинари

БГ/миа22 октомври 2012

76 новинари, мнозинството од нив Курди, се во затвор во Турција, а единствената вина им е тоа што си ја извршувале задачата, велат од Комитетот за заштита на новинари

https://p.dw.com/p/16UXx
Фотографија: AP

Поголемиот број на турски новинари, кои во моментот се во затвор, се уапсени поради својата професионална дејност, се наведува во извештајот на Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists),со седиште во Њујорк.

Извештајот на ЦПЈ е заснован врз едногодишната работа на судските дела против претставниците на медиумите во Турција. Според тие податоци во Турција во затвор се 76 новинари, од кои 61 е поради извршување на новинарската работа. Комитетот за заштита на новинарите посочува дека во Турција најмногу се кршат правата на медиумите, дури и повеќе од Иран, Еритреја и Кина.

Извештајот во следните денови ќе му биде предаден на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Околу 70 проценти од затворените турски новинари се Курди и се обвинети за помагање на тероризмот и поврзаност со терористичката Курдаска работничка партија (ПКК).

Околу една третина од новинарите се затворени под сомнение дека учествувале во антивладини заговори. Властите тврдат дека новинарите не ја извршувале работната задача туку биле политички мотивирани.

„Турција има исклучително репресивни закони, како и остар тон на Владата насочен кон медиумите“, се наведува во извештајот на Комитетот.