1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција мора да пронајде поинаков начин

Карстен Кинтоп17 декември 2007

Турските напади, во текот на ноќта во неделата, ги оптоварија односите меѓу Багдад и Анкара. Ирачкото министерство за надворешни работи соопшти дека бил повикан турскиот амбасадор и дека му е врачена протестна нота.

https://p.dw.com/p/Ccnd
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Во писмената изјава, заменик министерот за надворешни работи Махмуд Хумонд, вели: „Овој напад уништи болници, училишта и мостови. Бараме турските власти да ги завршат ваквите акции против невини лица.„ Во спротивно, во опасност се ставаат пријателските односи меѓу двете земји, смета заменик шефот на дипломатијата.

Една жртва и повеќе повредени
Повеќечасовните напади во текот на ноќта во неделата беа изведени со голем број авиони и артилериски истрели. Целите, делумно беа оддалечени и 100 километри од турската граница, длабоко на ирачка територија; според турски извори станува збор за позиции на курдската работничка партија ПКК. Во нападот имало една жртва и повеќе повредени. Турските медиуми претпоставуваат дека е можно да е убиен висок по ранг активист на ПКК. По завршувањето на нападите од погодените региони се вели дека многу села се уништени во голема мерка, при што биле оштетени и станбени згради и училишта. Стотици луѓе избегале.
На нападите со негодување реагираше и курдската регионална влада во Ербил. Портпаролот Џалал Абдала, ја повика турската армија да прави разлики меѓу ПКК и цивилното население. Абдала нагласи и дека конфликтот меѓу Турција и ПКК не треба да прерасне во конфликт меѓу Турција и Курдите кои живеат во Северен Ирак.

Треба да се бара друг начин

Во минатото ирачката влада постојано јасно нагласуваше што очекува од Турција - имено да го реши конфликтот со ПКК без насилство. Слично се изјасни и владиниот портпарол, Али ал Дабарг, уште на крајот на октомври.“Разбираме дека ПКК им приредува потешкотии и проблеми на нашите соседи. Но тоа не може да биде решено преку една офанзива. Повеќе од 20 пати турската армија ја премина границата, но никогаш не и успеа да ја растури ПКК. Зошто сега тоа би функционирало? Ние притискаме на Турција да најде друг пат, за да ја сопре ПКК:“

Türkei Irak Kurden türkischer Soldat in der Nähe der Grenze zu Irak
Фотографија: AP


Напнатоста меѓу Турција и ПКК на турско ирачката граница го стави Багдад пред тешка дилема. Премиерот, Нури Ал Малики, постојано ги осудува акциите кои ПКК ги презема од ирачка територија во Турција како тероризам. Тој стравува за добрите политички и економски односи со Турција. Есента премиерот побара од ПКК и да го напушти Ирак. Но, во суштина на ирачката влада и се врзани рацете. Курдите се важен коалиционен партнер во Багдад. И иако борците на ПКК не се омилени меѓу населението во Северен Ирак каде живеат Курдите - имено луѓето страдаат поради мерките на одмазда на турската армија - сепак на нив не се гледа како на терористи, туку како прогонувани припадници на еден народ. А, претседателот на Ирак Џалал Талабани, Курд по потекло, веќе со месеци се цитира со реченицата: На Турција нема да и испорачаме ниту еден Курд, дури ниту една курдска мачка.