1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

210311 Türkei Libyen NATO

22 март 2011

НАТО е и понатаму поделен околу ангажманот во Либија. Турција дури и отворено го блокира преземањето на командата со операцијата од страна на структурите на НАТО.

https://p.dw.com/p/10fP4
Турскиот премиер Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: AP

Официјално нема никакво објаснување за блокадата на Турција против ангажманот на НАТО во операцијата против Моамер ел Гадафи. Но, од дипломатски извори се дознава дека владата во Анкара е лута затоа што не била доволно вклучена во процесот на одлучување пред почетокот на операцијата во Либија. Така, турскиот министер за одбрана Ѓенул порача: „Не можеме да сфатиме зошто Франција толку се истурка на чело на мисијата како единствен спроведувач на резолуцијата на ОН. Кусо потоа стана јасно дека со операцијата командуваат САД.“

Навредена Анкара

Од оваа изјава е јасно дека турската страна не била детално информирана од партнерите во Алијансата околу претстојните напади врз позициите на Гадафи. Згора на тоа, од кругови на турското министерство за надворешни работи се дознава дека Турција не била поканета на самитот во Париз, каде западните земји предводени од Франција во саботата ги донесуваа одлуките за операцијата во Либија. Ако е вистина дека Никола Саркози свесно ја исклучил од договорот во Париз, тогаш не е чудо што владата во Анкара е навредена. Конечно, по САД , Турција има најголема армија од сите членки на Алијансата. А владата на премиерот Ердоган со години се обидува да се профилира како важна регионална сила. Секако дека на Ердоган и на неговите министри им било многу непријатно што во Париз беа поканети дури и претставници на Арапската лига, а тие не.

Präsident Nicolas Sarkozy Libyen-Sondergipfel Elysee-Palast Paris Uno-Einsatz gegen Libyen
Самитот за Либија под водство на францускиот претседател Никола СаркозиФотографија: dapd

Изменет став

Притоа нема видливи причини за исклучување на Турција од средбата во Париз, бидејќи официјална Анкара постепено го прилагоди ставот кон оној на НАТО- партнерите. До неодамна Турција, имено, отфрлаше какво и да е мешање од надвор во ситуацијата во Либија. Кон крајот на минатата недела, турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу порача дека неговата земја ја поддржува резолуцијата на ОН, бидејќи таа отвора можност за спречување на режимот на Гадафи и понатаму да го убива сопственото население.

Автор: Штефен Вурцел / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска