1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција: Спасувачките екипи во трка со времето

24 октомври 2011

Во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала во источна Турција досега загинале 264 лица, а 1300 се повредени. Последователните потреси постојано ја отежнуваат работата на спасувачките екипи.

https://p.dw.com/p/12xdX
Еден од моментите на среќа во катастрофата. Двајца спасувачи извлекуваат жена од под урнатинитеФотографија: picture-alliance/Abaca

Градот Ерчис- ден по земјотресот - без пауза спасувачките екипи трагаат по затрупани. И понекогаш имаат среќа. Во урнатините на една куќа, тие пронајдоа едно момче во безсознание, но живо. За другите помошта веројатно доаѓа предоцна. „Со брат ми бевме приклештени под урнатини. Мене можеа да ме спасат, но тој се’ уште е заглавен“.

Schweres Erdbeben in der Türkei
Трката со времето продолжуваФотографија: AP

„Лошо е. Многу наши пријатели и роднини се и натаму под урнатините. Се’ уште ништо немаме чуено од нив“.

Помош понуди и Израел

Уште во текот на ноќта премиерот Реџеп Таип Ердоган допатува во погодениот регион. Ги посети повредените. Колку пак загинале во потресот, не можеше ни тој да каже.

„Не знаеме колку многу луѓе се’ уште има во урнатините од паднатите згради. Би било погрешно да се каже бројка. Се надеваме дека многу од нив ќе ги најдеме живи“.

Türkei Erdbeben
Премиерот Ердоган веднаш допатува во погодениот регионФотографија: picture-alliance/dpa

Беше рано попладне кога земјата во провинцијата Ван силно се тресеше. Многу куќи овде не се градени по сеизмолошки стандарди, иако Турција е посебно загрозена.

Земјата се наоѓа на територија на која се допираат две тектонски плочи- евроазиската и арапската. Со поместување на двете плочи се создава екстремно висок притисок, кои постојано предизвикува земјотреси, како овој во регионот Ван. Многу земји понудија помош. Германија, САД но и Израел и покрај политичките тензии меѓу двете земји.

Автор:Михаела Хунгер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска