1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција – уставен суд

1 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8W

Турскиот уставен суд денеска расправа околу спорниот изборен процес за претседател на државата. Од одлуката на судот зависи дали ќе продолжи процесот или ќе биде прекинат. Во првата рунда гласање во парламентот за кандидатот на конзервативно-исламската владеачка партија, АКП, Абдула Ѓул не го доби неопходното дво-третинско мнозинство гласови. Опозиционата партија ЦХП поднесе барање до уставниот суд да ја разгледа постапката поради тоа што според мислењето на партијата, на седницата на која што се гласло присуствувале премал број пратеници. Опозицијата сака на тој начин да го спречи изборот на Ѓул.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера, ги повика сонародниците да останат мирни и во земјата да се задржи внатрешната стабилност. Турската армија, која себеси се гледа како заштитник на принципот на поделба меѓу државата и религијата, за време на викендот се изјасни против Абдула Ѓул како иден претседател на земјата.