Турција ќе плати отштета за смртоносната грешка
3 јануари 2012Вицепремиерот Булент Аринч по вчерашната владина седница изјави дека парите за роднините на убиените курдски селани ќе бидат исплатени за неколку денови. Турција, меѓутоа, нема официјално да се извини за инцидентот.
Аринч нагласи дека курдските селани не се намерно убиени и оти истрагата е во тек.
„Апсолутно не постои никакво сомневање дека инцидентот бил намерен. Сепак, и покрај тоа, во тек е истрага, со која треба да се утврди дали станува збор за невнимание“, додаде Аринч.
Во нападот минатата недела беа убиени 35 лица за кои се верувало дека се курдски бунтовници. Меѓутоа, станувало збор за млади Курди кои ги користеле истите патишта за шверц на оружје во Турција како бунтовниците од Курдската работничка партија ПКК.
Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ афп
Редактор: Александра Трајковска