1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ќе почне преговори со ЕУ?

4 октомври 2004

Европската комисија предлага почеток на преговори за приклучување на Турција кон ЕУ, пишува денеска на својата насловна страница весникот Билд, цитирајќи дел од извештајот на комисијата кој треба да биде објавен во среда. ”Комисијата смета дека Турција доволно ги исполнила политичките критериуми и препорачува почеток на преговори за приклучување“, пренесува ”Билд” дел од извештајот на комисијата. До

https://p.dw.com/p/AcKm
Баха Гингер: „Стравот на Германците од Турците„
Баха Гингер: „Стравот на Германците од Турците„

�рата вест, вчера попладне, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја пречека во Берлин, каде беше награден како “Европеец на годината”..

Реџеп Таип Ердоган ја доби наградата ”Квадрига” како градител на мостови меѓу ориентото и оксидентот. Тој во Берлин разговараше со германскиот канцелар Герхард Шредер, по што констатираше дека средбата била плодна. Тоа е последна средба на Ердоган со европски политичар, пред објавувањето на извештајот на Европската комисија, во среда. Знак за тоа колку Анкара и дава значење на германската поддршка. Според Шредер, во европски интерес е Турција да биде поддржана, зашто таа настојува да го поврзе нефундаменталистичкиот ислам со европските вредности и поради тоа што создава поголема стабилност за самата Турција, но и за Европа. Истовремено, Шредер нагласи, дека не станува збор само за поддршка на црвено зелената коалиција во Берлин:

”Решавачки е да ја постигнеме нашата цел и сите, кои за тоа решаваат, да останат на бродот. Турција нема проблем со Германија, но проблем не смее да има ниту со кој било друг, зашто потребен е едногласен заклучок.”

Ердоган ги знае задршките што постојат во различни земји на ЕУ:

”Прилагодувањето на законите не го решава проблемот. Важна е нивната примена. Тоа е тешкото. Тоа значи промена на менталитетот, што се разбира бара натамошна борба. Но, ние сме решени за примениме се што треба и имаме политичка волја тоа да го направиме успешно.”

За тоа е потребна и натаму поддршка на пријателите и добра соработка со невладините организации. Шредер изјави дека смета оти во среда комисијата ќе објави позитивен извештај за напредокот на Турција и подвлече што тоа значи:

”Доколку тоа биде случај, Германија во декември во Европскиот совет ќе гласа за почеток на преговори на Турција со унијата. Ние двајцата сосема сме согласни во тоа дека станува збор за преговори за приклучување и за ништо друго.”