1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тутунарите и политичката инструментализација

19 јануари 2011

Собранието на РМ усвои заклучоци, тутунарите си заминаа разочарани и револтирани, не исклучувајќи нови протести. И оваа горлива социјална тема меѓутоа се најде во фокусот на политичките манипулации, велат експертите.

https://p.dw.com/p/zzUu
Фотографија: Petr Stojanovski

Собранието усвои заклучоци на парламентарното мнозинство со кои се обврзуваат откупувачите на тутун на почитување на цените, се бара донесување нов закон за тутун, како и обезбедување брзо и ефикасно преземање на годинашната реколта. Во нив меѓутоа не беше вклучено барањето на опозицијата од 190 денари за откупен килограм тутун.

На моменти собирот пред Парлеменотот стануваше тензичен, со пробиен полициски кордон, каменување на законодавниот дом и изолирање на демонстрантите од страна на големи полициски кордони. Надвор од толпата, во посмирена атмосфера, тие тврдеа дека „не ги интересира Груевски, Црвенковски, Ахмети, туку нивнот тутун и наплата на влoжениот труд“. Тутунарите за Дојче Веле велеа дека “немаат како да преживеат неможат да спијат од долгови, и оти ова не е никаква сигурност“. Ги имаше од сите краеви и националности.

Mazedonisches Parlament
Македонскиот парламент усвои заклучоци кои не ги задоволија тутунаритеФотографија: Petr Stojanovski

Опозицијата со тутунарите пред Собранието

Власта тврдеше дека во досегашниот иако задоцнет откуп од само 4 милиони килограми или одвај 13 насто од годинашниот квалитетен род, постигната е „највисока цена во регионот , односно повисока и од Бугарија и Романија и Србија и дека со очекуваната субвенција од едно евро ќе се постигне ланската рекордна откупна цена“, како што рече вицепремиерот Владимир Пешевски. Наспроти тоа опозицијата не ги прифаќаше бројките дека владите на Црвенковски субвенционирале само 20 милиони евра , наспроти 365 милиони од касите на буџетот на актуелната влада наменети и дадени досега за поттикнување на аграрците. Социјалдемократите, но и лидерите на други партии од опозицијата беа меѓу протестантите пред Собранието, но не успеаа да ги принудат да излезат и избраниците од власта за да се „соочат со гневниот народ“, како што говореше фронтменот на парлементарното соочување Ѓорги Сугаревски.

Mazedonien Land und Leute Tabak aus Mazedonien Prilep
Фотографија: Petr Stojanovski

„Владините тутунари“ пред седиштето на СДСМ

И власта ги организираше условно кажано „своите тутунари“ на марш кон седиштето на опозицискиот СДСМ, обвинувајки го за сите неволји на аграраците, но дојденците, главно од администрацијата и партиски приврзеници, брзо заминаа, организирано, како што и пристигнаа во Скопје.

Сепак неизбежен е фактот за политичка манипулација со социјалните теми и сиромаштијата, вели за ДВ, политикологот Владимир Мисев.

„Тоа е легитимно, но што се постигнува, проблемите се решаваат во институциите, така што притисокот и нема некој посебен ефект, зашто Македонија не е во политичка криза“. Но по оваа изјава дадена на стартот од тутунскиот бунт и блокадите по локалните патишта, пред две недели, Мисев синоќа со оценка дека протестите се нов тест за рејтингот на премиерот Груевски кој по последната сонаджа на ИРИ за прв пат е под 20 насто, но и оти ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и натаму имаат убедливо мнозинство и се’ уште доминираат во двата кампуса.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски