1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсено лице поради планови за напади во САД

29 септември 2011

Американските власти уапсија 26-годишник, кој планирал да урне модел - авиони натоварени со експолозив врз Пентагон и Капитол.

https://p.dw.com/p/12inR
Фотографија: AP

Во САД е уапсено лице, за кое постои сомневање дека планирало да ги нападне американското министерство за одбрана и Капитолот во Вашингтон, со модел - авиони натоварени со експлозив. Надлежните органи го уапсиле 26-годишниот Резван Ф.  во Фремингам крај Бостон - Масачусетс, кога уфрлени агенти требало да му направат испорака. Испораката, бил уверен осомничениот, содржела материјал потребен за спроведување на неговиот план, како гранати, шест парчиња огнено оружје, како и 12 килограми експлозив. Американското министерство за правда и Федералната полиција ФБИ уверија дека јавноста во ниту еден момент не била загрозена. Уфрлените агенти, кои се прикажувале како поддржувачи на осомничениот, го имале под контрола експлозивот.

Според сознанијата на американските власти, осомничениот кој имал американско државјанство, минатата година почнал да планира „сопствен џихад“ против Соединетите Американски Држави. Дипломираниот физичар на американските граѓани гледал како на непријатели на Алах. Разван Ф. се обвинува и дека набавувал материјал за правење бомби за напади врз американските војници во Ирак. Државниот обвинител Кармен Ортиз изјави дека осомничениот имал намера да прилагоди мобилни телефони во запалки и истите да и‘ ги стави на располагање на терористичката мрежа Ал Каеда. Ортиз истакна дека осомничениот подолго време планирал „насилнички дела против САД“. Во случај да биде осуден, на осомничениот му се заканува повеќедецениска казна. 

Автор: АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска