1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсено 31 лице за кражбата на дијаманти во Белгија

Александар Методијев/дв/бета8 мај 2013

Полицијата во Белгија, Швајцарија и Франција уапси 31 лице во рамки на истрагата за кражбата на дијаманти на аеродромот во Брисел во февруари годинава, соопшти денеска белгиското обвинителство.

https://p.dw.com/p/18U7f
Фотографија: Fotolia/Stefan Gräf

За време на вчерашната и денешна акција во Белгија се уапсени 24 лица, во Швајцарија шест и едно лице во Франција, рече портпаролот на обвинителството во Белгија Жан-Марк Мејер. Како што е наведено, дијаманти и пари од грабежот се најдени, но не се даваат повеќе детали за нивното количество. Вредноста на украдените дијаманти се проценува на 50 милиони долари.

Diamanten Diebstahl Raub Belgien Brüssel Flughafen Zaventem
Грабежот беше извршен на аеродромот во БриселФотографија: Reuters

Акцијата за апсење на осомничените лица за поврзаност со кражбата се забрзала откако вчера во Франција бил уапсен еден од членовите на осумчлената вооружена група, која ноќта на 18 февруари упадна на пистата на аеродромот во Брисел и во петминутна акција, без да испука ниту еден куршум, од багажот во еден од каргоавионите ги украде дијамантите. Напаѓачите побегнаа, а едно од нивните возила подоцна е најдено запалено во близина на аеродромот.

Genormte Gegenstände Deutschland Flash-Galerie
Дијамантите биле пронајдени во ШвајцаријаФотографија: picture-alliance/ dpa

„Ова лице има многу дебело судско минато во Франција и е побарана негова екстрадиција во Белгија“, рече портпаролот на белгиското обвинителство.

Во акцијата за апсење во Белгија учествувале повеќе од 200 полицајци, кои откриле „големи количества на пари“. Дијамантите, како што соопштија од обвинителството, биле пронајдени во Швајцарија.