1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен вториот човек на Ал Каеда за Ирак

4 септември 2006

Ирачката влада на викендов оствари голем успех во борбата против теророт. Вчера во Багдад беше објавено дека пред неколку дена бил уапсен вториот човек на терористичката мрежа Ал Каеда во Ирак, Хамед Џумаа Фарид ал Саиди.

https://p.dw.com/p/Adxh

За сега освен името нема податоци ни за неговата националност, ниту пак религиозна припадност.

Со оглед на растечкото насилство во Ирак, советникот за национална безбедност Мувуфак ал Рубаи се обиде вчера апсењето на вториот човек во хиерархијата на Ал Каеда да го прикаже како голем успех и без малку победа над теророт. Но, експертите се воздржани: такви најави имаше и по спектакуларното убиство на првиот човек на мрежата за Ирак, Мусаб Ал Заркави, но наместо намалување, насилството дури се интензивираше. Освен тоа, тие се скептични и поради фактот што сите информации за апсењето на наводно вториот човек на Ал Каеда се непрецизни. Владата соопшти само дека Ал Саиди бил уапсен пред неколку дена во заедничка ацкија на ирачки и американски војници. Во акцијата биле убиени 20 востаници, додека цивилни жртви немало. Тој наводно се криел во една станбена зграда и со тоа сакал да ги искористи семејствата што живеат во неа како жив штит. Податоци за местото каде бил скриен меѓутоа нема.

Ал Саиди според ирачката влада бил одговорен за нападот врз светилиштето на шиитите во градот Самара во февруари, што се претвори во повод за ескалација на насилството меѓу шиитите и сунитите. Освен тоа тој наводно наредил бројни атентати и грабнувања, со голем број цивилни и воени жртви.