1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен еден од функционерите на Црвените Кмери

12 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAPp

Властите во Камбоџа го уапсија Џенг Сери поранешниот министер за надворешни работи на земјата и еден од последните високи претставници на поранешниот режим на Црвените Кмери. 77 годишниот Сери заедно со останатите поранешни функционери треба да одговара пред судот за злосторства на ОН. Во септеври беше уапсен и Нуон Ча поранешен идеолошки шеф на Црвените Кмери. Инаку за време на режимот под водство на Пол Пот од 1975 до 1978 година регистрирани се околу 1,7 милиони жртви.