1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен Методија Стамболиски

1 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BOmF

Македонската полиција вчера го приведе пензионираниот генерал Методи Стамболиски кој е осомничен дека ја оштетил државата за речиси два милиона евра. Стамболиски е осомничен за злоупотреба при склучувањето договор со скопската фабрика МЗТ ФОП за набавка на резервни делови за бугарските тенкови. Според информациите тој склучил зделка четири пати поскапа од реалната. Освен Стамболиски, за набавката на резервни делови вчера беа приведени и Нелко Менкиновски, веќе осуден за армиското оружје продавано во Бугарија и во тоа време главен на логистиката, потоа Ацо Ѓурчевски, тогашен советник во одбраната и директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски. Стамболиски беше началник на генералштабот на АРМ од септември 2001 до март 2004 кога беше пензиониран.