1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убедлива победа над Турција

16 јануари 2012

Македонската ватерполо репрезентација денеска со победа против Турција со 16:4, го почна својот настап на Европското првенство што се оджуваво холандскиот град Ајндховен.

https://p.dw.com/p/13kYw
Фотографија: DW

Македонските ватерполисти во текот на целиот натпревар имаа позитивен резултат, освен во првиот напад кога Турција поведе со 1:0. По четвртини мечот се одвиваше 3:1, 2:0, 6:0 и 5:3.
Во македонскиот тим најефикасни беа Мирослав Ранџиќ и Борис Летицфа со по 4 гола.
По настапите во Малага, Шпанија (2008) и Загреб, Хрватска (2010), ватерполо репрезентацијата на Македонија трет пат настапува на 30-тиот континентален Европски шампионат, кој ќе се одржува до 29 јануари.
Со пласман меѓу шестте најдобри репрезентации, Македонија може да се надева на пласман на Олимписките игри во Лондон или настап во квалификациите за Олимпијадата.
Покрај Турција, противници на македонските ватерполисти во групата „А“ се и селекциите на Грција (утре во 13 часот), Унгарија (четврток од 13 ч.), Италија (сабота 14:30) и домаќинот Холандија (понеделник-23 јануари од 19 часот).

Автор:СН/АМ/миа

Редактор: Симе Недевски