1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убедлив старт на Бајерн, фијаско на Галатасарај

Б. Георгиевски/миа/дв18 септември 2013

Актуелниот европски првак Бајерн Минхен со убедлива победа над ЦСКА ја започна одбраната на титулата. Реал го „разби“ Галатасарај во Истанбул. Вечерва, македонските репрезентативци на мегдан со германски екипи.

https://p.dw.com/p/19jrj
Фотографија: picture-alliance/dpa

На играчите на Бајерн Минхен не им требаше многу време за да покажат дека и годинава ќе бидат големи фаворити за титулата во европската Лига на шампионите. Давид Алаба го отвори резултатот против рускиот шампион ЦСКА Москва уште во третата минута, со извонреден слободен удар од 35 метри. Манџукиќ зголеми на 2:0 до крајот на првото полувреме, а Робен ги постави конечните 3:0 во вториот дел.

Вториот германски тим кој настапи синоќа, Бајер Леверкузен не успеа да извлече поволен резултат на гостувањето на англискиот првак Манчестер Јунајтед. Иако поразени убедливо со 4:2, фудбалерите на Бајер имаа причина за незадоволство со судиските одлуки со оглед на тоа што првиот гол домаќините го постигнаа од нерегуларна позиција.

Убедлив на стартот беше и Реал Мадрид. На гостувањето во Истанбул беше „прегазен“ Галатасарај со 6:1, а блескаше Кристијано Роналдо кој постигна „хет-трик“. Непријатно изненади италијанскиот првак Јувентус кој одигра нерешено 1:1 на гостувањето во Данска кај Копенхаген.

Ronaldo Real Madrid 14.09.2013 Vertragsverlängerung
Кристијано РоналдоФотографија: Reuters

Во останатите дуели: Реал Сосиедад - Шахтјор 0:2; Бенфика - Андерлехт 2:0, Олимпијакос - ПСЖ 1:4 и Викторија Плзењ - Манчестер Сити 0:3.

Дербито вечерва се игра во Неапол каде Наполи го пречекува минатогодишниот финалист тимот на Борусија Дортмунд. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и неговите соиграчи ќе имаат тешка задача со оглед на тоа што Борусија фуриозно го започна новото првенство, победувајќи во првите пет првенствени дуели. Во вториот дуел од групата Ф, се среќаваат Олимпик Марсеј и Арсенал.

Во Гелзенкирхен, Шалке ја пречекува романска Стеауа, во чиј тим на десната бековска позиција се очекува настап на македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски. Шалке влегува како голем фаворит во дуелот по двете едноподруго победи во домашното првенство. Во оваа група Челзи го пречекува Базел.

Mats Hummels Marcel Schmelzer Borussia Dortmund
Фудбалерите на Борусија (Д)Фотографија: Bongarts/Getty Images

Во останатите мечеви на програмата вечерва, во групата Г играат Австрија Виена-Порто и Атлетико Мадрид-Зенит, а во групата Х: Барселона-Ајакс односно Милан-Селтик.