1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиени девет војници во Авганистан

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CA0H

При напад на истокот на Авганистан убиени се девет војници. Меѓу убиените шест војници се странци и тројца Авганистанци, соопштија меѓународните ИСАФ трупи. Во нападото има и повредени лица. Убиените НАТО војници најверојатно се Американци. На северот на Авганистан неуспешно беше извршен самоубиствен напад. Според полициски извори, безбедносните сили следеле сомнително возило по што возачот се дигнал во воздух.