1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен водачот на Ал Каеда во Ирак

8 јуни 2006

Абу Мусаб Ал Заркави бил убиен во воздушен напад на американската авијација во градот Бакуба . Оваа вест која најнапред ја објави ирачката државна телевизија беше потврдена и од премиерот Ал Малики.

https://p.dw.com/p/Ac5y
Абу Мусаб ал Заркави
Абу Мусаб ал ЗаркавиФотографија: AP

Објавата на водителот на вестите на државната телевизија беше кратка и изненадувачка. Тој саоопшти дека ирачкиот премиер Нури Ал Малики , денеска објавил дека , лидерот на Ал каеда во Ирак бил убиен. Кратко потоа , премиерот Ал Малики заедно со американскиот амбасадор во Багдад и шефот на американските вооружени сили така да се каже ја официјализираа смртта на Абу Мусаб Ал Заркави на пресконференција во Багдад.

Објавата на премиерот Ал Малики предизвика громогласен аплауз кај присутните новинари . Кога аплаузот започна да стивнува следуваа и деталите . Ал Заркави бил убиен заедно со седуммина негови приврзаници во градот Бакуба кој се наоѓа на 65 километри од Багдад , во заедничка ирачко-американска акција во која биле употребени и воздушни сили. По завршувањето на акцијата мултинационалните трупи го идентификувале Заркави според отисоците од прстите и лузните на телото.

Премиерот убивањето на Ал Заркави го означи како голем успех на новиот Ирак и притоа додаде:

„ Ова е порака до сите , кои сакаат смрт и уништување , уште еднаш да размислат за својот став , пред да биде предоцна за нив.

Американскиот амбасадор во Багдад Залмај Калилзад се приклучи кон оценките на Ал малики:

„Ова е добар сигнал за Ирак , за неговиот премиер Ал Малики и неговата нова влада , како и за глобалната војната против тероризмот“

Јорданецот Ал Заркави се наоѓаше на врвот на американската листа на најбарани терористи. Вашингтон ја уцени неговата глава на 25 милиони долари. Заркави и неговите приврзаници преставуваа ноќна мора за американските сили во Ирак но и за новите ирачки власти , преземајќи ја одговорноста заголем број самоубиствени бомбашки напади и киднапирања кои завршуваа со брутално обезглавување на заложниците.Бунтовничката мрежа на Заркави во Ирак се смета за најсмртоносна , набројна и најдобро организирана. Токму затоа шефот на американските војници во Ирак генералот Џорџ Кејси , на денешната пресконференција предуперди:

„ Иако лидерот на Ал каеда во Ирак е сега мртов , терористичката организација сеуште претставува закана, и нејзините членови ќе се обидат да ги тероризираат Ирачаните и дестабилизираат нивната Влада. Ние ќе ја продолжиме борбата се додеак терористите не бидат збришани од територијата на Ирак“