1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен водачот на милитантите Гази

11 јули 2007

И по повеќе од 24 откако пакистанските сили за безбедност ја напднаа Црвената џамија, борбите продолжуваат. Во акцијата инаку, е убиен водачот на исламистите, Абдул Рашид Гази.

https://p.dw.com/p/BEjf
Мнозинството Пакистанци сметаат дека армијата заврши добра работаФотографија: AP

Мина повеќе од еден ден, а „Операцијата молчење„ се уште не заврши. Според информациите на пакистанската армија борбите со тешко вооружените милитанти во Црвената џамија се во последната фаза. И изутрината можеа да се слушнат повеќе жестоки експлозии:

Бројот на жртвите и натаму не е познат, подеднакво како и бројот на коранските ученици што се уште даваат отпор и веројатно држат заложници. Биланс ќе биде поднесен по крајот на операцијата, изјави претставникот на армијата Вахед Аршад:

„За операцијата е потребно време во толку набиено изграден терен. И покрај тоа, силите за безбедност завршија одлична работа во расчистувањето„.

Меѓу загинатите е и Абдул Рашид Гази, заменик шеф на училиштето и водач на бунтовниците. Според министерството за внатрешни работи од Гази било побарано да се предаде и излегол од зградата заедно со повеќе други милитанти. Дошло до престрелки со армијата и се чини тогаш загинал и Гази. Меѓу населението владее голема согласност со нападот на армијата и покрај големиот број жртви:

„Бидејќи преговорите пропаднаа, владата беше принудена да нападне. Тоа беше незибежно„, вели оваа жена од Исламабад.

Пофалба за акцијата на армијата дојде дури лично од опозиционерката и бивша премиерка Беназир Буто:

„Владата имаше право на крајот да ги нападне милитантите. Јас имам задршка само кога станува збор за почетокот на акцијата. Како беше можно Гази да исполни една толкава медреса со толку многу милитанти. Ме вознемирува што тајната служба не забележала што во центарот на градот биле донесени ракетни фрлачи и толку многу муниција„.

Владата ги одбива обвинувањата дека долго ги толерирала активностите на Гази во Црвената џамија, туку дека сакала да избегне крвопролевање со преговори. Министерот за информации Мохамед Али Дурани:

„Чекавме долго зашто станува збор за џамија и коранско училиште. Политика на владата е секогаш конфликтите да се решаваат со дијалог, а не со конфронтации„.

Посматрачите и религиозниот опозиционен сојуз ММА, предупредуваа на негативни последици. Тие страхуваат од насилство пред се во конзервативните подрачја на земјата во близината на границата со Авганистан, како и од радикалните корански училишта. Во меѓувреме, владата во целата земја ги зголеми мерките за безбедност.