1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убиен сирискиот министер за одбрана

ЖА/дпа18 јули 2012

Сирискиот министер за одбрана, генерал Дауд Раџеха, бил убиен при самоубиствен напад врз зградата на силите за безбедност во Дамаск, објави државната сириска телевизија.

https://p.dw.com/p/15ZYa
Фотографија: Reuters

Во нападот биле повредени повеќемина владини претставници, меѓу нив и министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим ал Шаар. Според сириските медиуми, во нападот загинал и зет на сирискиот претседател. Пред објектот на силите за безбедност денеска била активирана експлозивна направа. Бунтовниците и сириската армија повеќе денови водат жестоки борби во главниот сириски град. Тоа се најтешките судири во Дамаск од почетокот на востанието во март 2011. година.

Опозицијата во Сирија повика на „борба за ослободување на Дамаск“. И покрај употребата на тенкови и воени хеликоптери од страна на армијата на претседателот Башар ал Аасд, бунтовниците успееват да држат голем дел од своите позиции. „Започна опреацијата за ослободување на Дамаск“, изјави портпаролот на Слободната сириска армија, Касем Саадедин.

Според сириски активисти за човекови права од Лондон, во последните 48 часа само во Дамаск биле убиени повеќе од 60 владини војници.

Попладнево се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа за нова резолуција за Сирија, но Русија и Западот и натаму се наоѓаат на различни позиции за наметнувањето санкции против режимот на Башар Асад.