1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Укинато и второто предупредување за цунами

АТ/ЕМФ/дпа/афп11 април 2012

Центарот за рано предупредување во Пацифичкиот регион на САД го укина второто предупредување од цунами во Индискиот Океан. Индонезискиот остров Суматра денеска беше погоден од два земјотреси во рок од неколку часа.

https://p.dw.com/p/14bZ8
---

„Потресите кои сега се регистрираат укажуваат дека опасноста е надмината за речиси сите региони“, соопштија американските валсти. Исто така и Шри Ланка го укина предупредувањето од цунами и го повика населението да се врати во домовите. Во текот на денот пред брегот на островот Суматра се случија два силни земјотреси со јачина од 8,6 и 8,1 степени според Рихтеровата скала.

Претходно, индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно, изјави дека во првиот земјотрес што се случи пред брегот на Суматра, нема загинати, ниту има знаци за цунами.

„Му благодариме на драгиот Бог, досега нема извештаи за загинати или штети“, изјави индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно, додавајќи: „Остануваме во контакт со властите во провинцијата Аче и се‘ е под контрола“.

Силниот земјотрес, со јачина од 8,6 степени според Рихтеровата скала, се случи пред брегот на индонезискиот остров Суматра во 14:30 часот по локално време. Веднаш по земјотресот, надлежните во Индонезија, како и во САД, издадоа предупреудвање од цунами за целиот регион на Индискиот океан, а меѓу населението, особено во провинцијата Аче, изби паника.

„Бев под туш во хотелот кога се случи земјотресот“, изјави очевидецот Тимбанг Пангарибуан за едно индонезиско радио. „Беше толкку силен што сите во паника истрчавме од хотелот“, додаде тој, нагласувајќи дека видел како едно лице скокнало од прозорец од хотелот и се повредило.

Indonesischer Präsident Susilo Bambang Yudhoyono
Сусило Бамбанг Јудхојоно: Се‘ е под контролаФотографија: AP

Во декември 2004 година, земјотрес во провинцијата Аче, со јачина до 9,1 степени, предизвика огромно цунами, во кое животот го загубија 220.000 луѓе. Најтешко беше погодена Индонезија, каде имаше 168.000 загинати.