1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Укинување на забраната за носење шамија во Турција

9 февруари 2008

Турскиот парламент во второто гласање ја укина забраната за носење шамија на факултетите

https://p.dw.com/p/D4zA
Отсега со шамија и на факултетитеФотографија: Picture-Alliance /dpa

Мнозинството пратеници се согласија со иницијативата на владеачката исламско конзервативна партија АКП, која поднесе предлог за соодветна промена на уставот. Ако иницијативата ја прифати и турскиот претседател Абдула Ѓул, младите жени на факултетите без пречка ќе можат да носат шамии. За службеничките, ученичките и пратеничките во Парламентот и натаму останува забраната за носење шамија.