1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина ќе потпише договор со ЕУ, но под одредени услови

АМ/миа/бта21 декември 2013

Украина ќе го потпише договорот за асоцијација со ЕУ, доколку ѝ бидат исполнети одредени услови, изјави украинскиот премиер Микола Азаров. Тој уверува дека сепак договр ќе се потпише.

https://p.dw.com/p/1AeTD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Условоте кои ги поставува Украина се од нејзин интерес, додаде премиерот Азаров во изјава за една украинска телевизија.

„Направивме пауза на евроинтергацискиот пат. Донесовме таква одлука кога стана апсолутно јасно дека по потпишувањето на договорт би се соочиле со криза, изјави Азаров.

Според него, како што пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС, во такви услови Владата немала друг избор и морала да донесе решение за одлагање на поптишувањето на договорот и да бара „други форми на поддршка за Украина“.

„Во текот на 2014 ние ќе го поддржиме и потпишеме договорот со ЕУ“, увери Азаров. Тој нагласи и дека по договорот со Русија за кредит во износ од 15 милијарди долари, Украина ќе нема потреба да бара заем од Меѓународниот монетарен фонд.