1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уличен музичар со клавир

Анке Плауц / Зоран Јордановски24 август 2012

Џо Лерман со својот пренослив клавир дава концерти во својот роден град Бремен и во цела Германија. Конструкцијата ја измисли самиот - во неа инвестираше 80 часови за планирање и за да ја направи.

https://p.dw.com/p/15oMU
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Работниот ден на Џо Лерман од Бремен започнува со тешка работа во гаражата: тој мора да изнесе надвор 220 килограми. Џо е пијанист и свири на улица.

„Клавирска музика секогаш има само во затворено и јас сакав да ја изнесам на отворено. Сметам дека е супер клавирска музика под ведро небо“, вели тој, додавајќи:

„Но ова е ужасно тешко, иако точно е, би рекол, без пот нема награда“.

Џо Лерман уште како петгодишен ја откри својата љубов за свирење на клавир, а потоа се надоврза и страста за патувања.

Тој веќе имаше концерти на речиси сите континенти - во барови, ресторани, хотели и честопати под ведро небо.

За оптимално да ги поврзе патувањата со свирењето на клавир, Џо Лерман конструира мобилна подлога за својот инструмент.

„Мислам дека е тоа многу добар начин да ги среќаваш луѓето, оти музиката целосно поврзува“.

„Зошто го правам сево ова? Оти ми се допаѓа. Ми се допаѓа самиот да музицирам, ми се допаѓа да правам музика за други, ми се допаѓа да сум надвор, некако да придонесам градот да биде малку поубав, да има малку повеќе живот овде. И, сето тоа под ведро небо, на сонце - за мене нема ништо поубаво.“

Џо Лерман со својот пренослив клавир дава концерти во својот роден град Бремен и во цела Германија. Конструкцијата ја измисли самиот - во неа инвестираше 80 часови за планирање и за да ја направи.

UNESCO Bremen Rathaus und Roland
Бремен - родниот град на Џо ЛерманФотографија: picture-alliance/dpa

Порано, на големите патувања во светот, тој мораше да изнајмува клавир, за да може да свири. Сега секогаш го има со себе својот инструмент и може да настапи онаму, каде ќе му се допадне.

Или каде ќе го повикаат: на некоја романтична вечера, на свадба или на роденденска прослава. Цена - по договор.

„Ова е можеби по малку лудо, но се радувам кога некој некаде ќе ме повика и за некого ќе можам некаде да свирам, и во какви ситуации доаѓам. Подготвен сум на се’, со мојот клавир стигнувам речиси насекаде“.

А да се движи тој мора веќе и поради законот. Неговите концерти под ведро небо се временски ограничени. Како официјален уличен музичар, тој мора на секои 30 минути да се премести за најмалку 100 метри. Благодарение на мобилната подлога, тоа веќе не му е проблем, и покрај тежината од 220 килограми.

„Сакам предизвици, отсекогаш постојано сакав нешто ново. Ако некој ме побара, тогаш доаѓам.“

Така за време на летните месеци во Бремен може да се ужива во необична улична музика и, по желба, може да се добие и лична победничка химна, каде и да се посака.