1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметнички сведоштва на Холокаустот

27 мај 2005

Во Јудаикум центарот во новата Синагога во Берлин неделава беше отворена изложбата „уметност од Аушвиц“ , на која се претставени 170-ина слики кои ги направиле затворениците во овој озлогласен концентрационен логор на нацистичка Германија. На отворањето на изложбата во вторникот присуствуваа и германскиот канцелар Герхард Шредер и полскиот амбасадор во Берлин Арнжеј Бирт .

https://p.dw.com/p/AeUg
Фотографија: presse

Изложбата е организирана од Музејот Аушвиц Биркенау во Освјенцим во Полска кој поседува близу 1500 слики ,пред се пејсажи , портрети карикатури , кои се дело на затворениците во озлогласениот камп на смртта.

170-те слики за изложбата во Берлин која е прва од ваков вид по 60 години од крајот на Втората Светска Војна ги одбра кураторката на Јудаикум центарот Свантје Шолмејер:

„ Одлучувачко е уметноста навистина да се гледа како уметност , и да се избира според критериуми кој ќе бидат праведни во однос на уметниците и нивниот стил. Јас работев два месеци во Аушвиц и имав можност таму да прегледам една голема уметничка колекција.

И мене и беше важно токму тоа делата кои ги одбравме да бидат вистинска слика за ументиците а не да раскажуваат една разубавена слика “ – вели Шолмејер.

Инаку најголемиот дел од делата кои се изложени во Берлин но и воопшто кои ги поседува Музејот во Освјенцим се направени од полски уметнивци .Имено пред Хитлер да започне да депортира милиони Евреи во Аушвиц , местото било користено како логор за полски затвореници , од кои голем број биле припадници на движењето на отпорот.

Многу помал број слики кои можат да се видат на изложбата која во Јудаикум центарот ќе трае до 14 август се направени од еврејски автори на кои најнапред воопшто не им било дозволувано да сликаат. Оние кои потоа ја имале таа можност , имале и поголема шанса да го преживеат хоророт на логорот на смртта . Меѓу нив бил и Давид Фридман сликар кој пред војната студирал уметност во Берлин . Неговата ќерка Миријам присуствуваше на отворањето на изложбата , и зборуваше за судбината на својот татко:

„ За да преќивеат уметниците морале да бидат послушни . Тие биле и привилегирани , затоа што можеле да си го спасат животот , но затоа морале да прават се што ќе им било наредено. Мојот татко правел портрети на офицери на СС единиците и нивните семејства. Тој сликал и пејсажи и се друго што ќе посакале од него. Но тоа што смеел да слика за него била основа за натаму да живее. Тој го сакал сликањето и така собирал сила за да преживее“-раскажува Мирјам Фридман Морис.

Инаку по 14 август изложбата „Уметност од Аушвиц “се сели во изложбената галерија Нусбаум во германскиот град Оснабрик . Љубителите на уметноста ќе можат од 4 септември до 16 октомври да ги доживеат сведоштвата на Холокаустот во мастило , графика или акварел .