1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметност од стаклени камчиња

Доротеа Топф/ Александра Трајковска 15 март 2013

На изработувачите на мозаици им се потребни различни шари и материјали и многу трпение. Резултатот е уметност за себе и за вечноста.

https://p.dw.com/p/17nXb
Фотографија: DW/D. Topf

Парчиња стакло од Мурано, Италија - суровина за елементи за мозаик. Формата и големината работниците ги определуваат по чувство. „Треба да бидат со малку неправилни форми, а не да се перфектни квадрати“.

Делчињата се сортираат и нумерираат според бојата. Работите честопати траат со месеци. Инспирирана од уметнички нацрти, работилницата ги претвора скиците во дела. Сега се работи на купола за амам. Тоа е приватна нарачка од Швајцарија:

Deutschland Wirtschaft Handwerk Mosaik Mayer in München
Изработката на мозаици е ретка професија во ГерманијаФотографија: DW/D. Topf

„Овде ми се потребни околу 25 до 28 часа за метар квадратен. Секогаш се работи со други бои, со други шари, со други материјали - и сето тоа дава голема разноликост“, вели Даниела Хен, изработувач на мозаици.

Михаел Мајер вработува 40 работници. Тој е шеф: „Мора да се каже дека финансиската криза го ограничува овој специјален пазар. Уметноста во крајна линија е првото што може да се изостави и кај кое може да се заштеди. Но, за луѓето таа е многу важна. Тоа постојано го гледаме - на пример, во подземната железница на Њујорк има многу ангажирана уметничка програма и се гледа дека тоа е подарок за луѓето.“

Покрај станици во подземни железници и аеродроми, тие украсуваат и централи на претпријатија, како во Алијанц во Минхен. Уметниците, Германките Хаубиц и Цохе, во овој ходник имитираа спирален скалишен простор - на ѕидовите насликан, а на подот со вградени камчиња.

Друг проект на работилницата: мозаик за базен. Ќе биде испратен во многу поединечни делови и со скица како да се состави.

Deutschland Wirtschaft Handwerk Mosaik Mayer in München
Занаетчиската работилница за изработка на мозаици „Мајер“ во МинхенФотографија: DW/D. Topf

„Значи, ова е планот за поставување. Мозаиците се во делови и според овие бројки повторно се составуваат на лице место“.

Се’ мора повторно да одговара едно на друго - што е уметност за себе. Франко Нотоника, израборувач на мозаик подвлекува: „Ова е особено ретка професија, посебно во Германија. И, кога ќе го видиш своето уметничко дело, создадено за вечност, тогаш човек секако може да биде горд на тоа“.

Кога ќе бидат наредени 160.000 камчиња, куполата за амамот ќе биде готова.