1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарскиот парламент ќе гласа за спорната реформа на Уставот

ЕМФ/дв11 март 2013

Протестите на студентите и опомените од странство останаа без ефект - во унгарскиот парламент денеска (11.03) ќе се гласа за спорните промени на Уставот предложени од владата на Виктор Орбан.

https://p.dw.com/p/17ukK
Фотографија: THOMAS COEX/AFP/Getty Images

Унгарската влада предлага големи корекции на Уставот. Меѓу другото, се предлага ограничување на надlежностите на Уставниот суд и на Владата и‘ се дозволува да се меша повеќе во правосудството и високото образование. Партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан располага со неопходното двотретинско мнозинство во парламентот, па исходот од гласањето може однапред да се претпостави.

Новиот Устав во Унгарија е на сила од почетокот на 2012 година. Според она што сега го предлага Вчадата, Уставниот суд во иднина ќе може да ја преиспитува правната процедура, но не и содржината на промените на Уставот што во иднина ќе ги носи Парламентот. Друга одредба предвидува претседателката на Националната служба за правосудство, која инаку е функционерка поставена на таа позиција од страна на Орбан и нему лојална, ќе може одредени случаи да распоредува по одредени судови.

Ungarn Verfassungsreform April 2011 Protest Demonstration
Граѓаните протестираат, Владата си продолжува со намеритеФотографија: picture alliance/dpa

Промените на Уставот, освен тоа, би требало повторно на сцена да вратат некои закони што претходно паднаа пред Уставниот суд, а се однесуваат на пример на забрана на изборни реклами на приватните медиуми или криминализација на бездомниците.

Во текот на викденот пред парламентот во Будимпешта илјадници луѓе протестираа против предвидените уставни промени. Во четвртокот (07.03) студентски активисти ја зазедоа градината пред седиштето на партијата Фидес и тука останаа со часови. Протестите се одржаа под мотото: „Уставот не е играчка“.

Владата на Орба од доаѓањето на власт во 2010 година, со закони и промени на Уставот ги ограничи независноста на судството, печатот и на Централната банка, поради што врз себе навлече остри критики во земјата и од странство.