1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарците во заштита на радиостаница

23 јануари 2012

Илјадници луѓе протестираа во главниот град на Унгарија поради можното затворање на најголемото опозициско радио во Будимпешта.

https://p.dw.com/p/13oAh
„Клубрадио“ прерасна во симбол на слободата на говоротФотографија: Fotolia/nikkytok

Неколку илјади луѓе се собраа синоќа на митинг во унгарскиот главен град Будимпешта за да изразат поддршка на радиото „Клубрадио“ во Будимпешта, кое наскоро може да ја изгуби лиценцата за работа и да престане со емитување програма.

„Клубрадио“, кое има околу 400.000 слушатели и се смета за единственото опозициско радио во државата, поднесе жалба на одлуката пред државниот медиумски регулатор.

Затворањето на „Клубрадио“ го привлече вниманието на ЕУ и САД, кои не штедат критики кон унгарскиот Закон за медиуми, усвоен во 2010 година од партијата ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан.

Извршниот директор на „Клубрадио“ Андраш Арато изјави дека радио станицата во „желба да емитува единствено факти и мислења, прерасна во симбол на слободата на говорот“.

Автор: СН/ АМ/ миа

Редактор: Александра Трајковска