1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНКТАД за состојбата со инвестициите во светот: годинава пресврт по три години назадување

22 септември 2004
https://p.dw.com/p/AeQI

Минатата година претпријатијата ширум светот вложија вкупно 560 милијарди долари во други земји, што е за 18 проценти помалку отколку во годината пред тоа. По рекордните 1400 милијарди во 2000-та, три години последовно опаѓа нивото на инвестирање во странство, а се очекува тековнава година да донесе пресврт, се вели во извештајот на УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој). Директните странски инвестиции се показател за степенот на испреплетување и поврзување на светската економија, преместувањето на производството и атрактивноста на одредени региони и држави за инвестирање во нив. Најмногу странски инвестиции минатата година статистички влегле во Луксембург, но тоа е резултат на улогата на таа земја како средиште на финансиски трансакции кои се одвиваат преку тамошни фирми. Инаку, лани најмногу странски инвестиции се слеале во Кина, потоа во Франција, САД и Белгија. Германија е на 12-тото местто. Во индустриските земји е забележан пад на приливот на странски инвестиции од 25 насто. Значително опаѓање е регистрирано и во реформските држави на централна и источна Европа – од вкупно 31-на на 21-на милијарда долари. Пораст од 9 проценти бележат странските инвестиции во земјите во развој.