1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Упасени напаѓачите врз „алфа“ специјалците!?

Александар Чомовски21 декември 2008

Три лица се директно обвинети за извршување и соучество во нападот врз припадниците на специјалните сили „алфа“ пред еден месец кај Природно математичкиот факултет во Скопје. Против нив се подигнати кривични пријави.

https://p.dw.com/p/GKs6
Министерката за внатрешни работи, Гордана ЈанкуловскаФотографија: Petar Stojanovski

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на прес-конференција во Скопје изнесе повеќе детали за опсежната акција, во која беа приведени вкупно 20-тина лица. Против три од нив е покрената истрага за директно учество или помош во извршувањето на нападот против специјалците од единицата „алфи“. Трагата што ги одведе полициските сили до можните извршители одела преку автомобилите што биле користени за нападот. Во нив се најдени форензички докази за вмешаност на трите лица во деликтот. Повеќе детали чујте од следниот прилог.